Спорт
Звезда го доби вечното дерби со Партизан, сега има 12 поени предност!

Црвена звезда го совлада Партизан со 1:0 во 164. вечно белградско дерби на „Рајко Митиќ“ за да се одвои на 12 поени пред „црно-белите“ на првото место во српската Суперлига.
За Звезда, ова беше 65. победа во овие дуели, а Партизан има 47 триумфи, но во последните 15 меча пред оваа пресметка Звезда имаше само две победи.
Човек на одлука беше Мирко Иваниќ во 58. минута кога по корнерот на Гелор Канг, ја смести топката во голот.
1-0 Zvezda! Ivanic with the header from a corner. pic.twitter.com/CzySwW4kPB
— Richard Wilson (@timomouse) April 7, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Реал и Барселона би добиле најмногу пари од Суперлигата

„Мундо Депортиво“, објави како требало да се делат парите во европската Суперлига. Овој проект на 12 клубови: Реал, Барселона, Атлетико, Интер, Милан, Јуветус, Арсенал, Челси, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, пропадна и пред да биде применет во пракса.
Шампионот од една сезона би заработил 600 милиони евра. Но оваа сума, во случај на освојување на титулата, би ја освоиле само Реал и Барселона.
Наградниот фонд во првата сезона требало да биде неверојатни 10 милијарди евра и тој би им бил поделен на 20 клубови.
Но не било предвидено сите да добијат еднаква сума. Парите би се делеле според важноста на брендот, влијанието кај навивачите, влијанието на социјалните мрежи…
На стартот, 15 клубови би поделиле 3,5 милијарди евра и тоа на следниов начин.
Реал и Барселона би добиле по 600 милиони евра, а по 350 милиони, според рејтингот, би поделиле четири клуба. Рангираните од 6. до 9.место би добиле по 225 милиони, следните два тима по 112 и последните три по 100 милиони евра.
Спорт
МЗТ со победа ја завршија сезоната во АБА 2

Кошаркарите на МЗТ со победа ја завршија сезоната во АБА 2 лигата. МЗТ, во вториот четврт-финален натпревар, забележа победа над Младост од Земун со 92:86. Победата не беше доволна за да се анулира предноста од 75:95, која ја стекна Младост по првиот меч.
Надежите на МЗТ, дека ќе можат да направат сензација и да ја надополнат негативата од 20 поени, пропаднаа по првите 10 минути во реваншот, по кои Младост стекна предност од 11 поени (20:31).
МЗТ се вратија во мечот во вториот период со 26:14 и на полувреме имаа водство 47:43.
Во второто полувреме, МЗТ најчесто ја имаше предноста, но таа се движеше од два до пет поени. Младост успешно го контролираа натпреварот, не дозволувајќи им на своите противници да направат некоја посеризна серија.
Гравет и Карачиќ, односно Олуџоби со 17 поени беа најефикасни кај МЗТ. Олуџоби имаше девет, а Карачиќ осум скока.
Кај Младост Гумболт постигна 14 поени, а дури петмина играчи забележаа по 10 поени.
Спорт
Дембеле повторно се повредил

Напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле, ќе го пропушти вечерашниот дуле со хетафе во Ла Лига. Францускиот репрезентативец пријавил повреда, поради што тренерот Роналд Куман решил да не ризикува, бидејќи Барселона за три дена ќе гостува кај Виљареал.
Поради разни повреди, од доаѓањето во Барселона, во 2017 година, Дембеле досега пропуштил 85 натпревари. Последната повреда ја имаше кон крајот на 2020 година, кога отсуствуваше од пет натпревари.
Барселона ќе го пречека Хетафе, вечерва од 22 часот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?