Спорт
Звезда го „собори“ Баерн, турското дерби за Фенербахче
Црвена звезда, конечно, ја оствари првата победа во новата сезона од Евролигата, оставајќи го Баерн Минхен без победа по 78:72 триумфот на домашен терен.
По четири порази во низа на стартот на сезоната, новата ѕвезда на белградскиот клуб, Лука Вилдоза блесна со 20 поени и 6 асистенции за го предводи тимот до важна победа. Звезда имаше неверојатен старт со 24 поени во првите шест минути, но во втората третина, Баварците се вратија и не дозволија српскиот клуб бргу да направи глема предност.
Баерн останува единствениот тим кој нема победа во Евролигата по пет кола. Касиус Винстон имаше 18 поени, а Владимир Лучиќ додаде 12 поени за германскиот тим.
Во истанбулското дерби пак, Фенербахче стигна до 88:78 победа над Анадолу Ефес за да ја забележат својата деветта победа на стартот на оваа сезона, вклучувајќи и петта во низа во Евролигата. Скоти Вилбекин беше фантастичен со 25 поени, вклучувајќи ја тројката во финишот на мечот во „Синан Ердем доум“. Марко Гудуриќ имаше 19 поени откако постигна пет тројки, а Фенер заврши со 14 тројки од 26 обиди.
ЕВРОЛИГА, 5.КОЛО
Црвена звезда – Баерн Минхен 78:72
Анадолу Ефес – Фенербахче 79:88
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Спектакл на стартот на Ролан Гарос, Надал против Зверев – Ѓоковиќ во првото коло против Ербер
Попладнево во Париз со ждрепка е одреден костурот за вториот грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.
Апсолутно дерби во првото коло ќе биде дуелот меѓу Рафаел Надал, кој настапува со специјална покана од организаторот и четвртиот тенисер на АТП листата, Александар Зверев.
Зверев и Надал последен пат на Ролан Гарос играа во 2022 година. Надал успеа да се пласира во финалето откако Зверев се здоби со тешка повреда на зглобот. Во моментот кога Германецот го предаде мечот Надал имаше предност во сетови 1:0, сетот го доби во тај-брејк со 10:8, а во втроиот сет резултатот беше 6:6.
Подоцна Надал лесно го победи Каспер Руд во финалето и ја освои 14. титула на Ролан Гарос.
Бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ за противник во првото коло го доби домашниот тенисер Пјер-Иго Ербер, кој како и Надал доби покана од организаторот.
Надал и Зверев се во делот од костурот каде што се наоѓа и Ѓоковиќ, а во оваа половина е и Даниил Медведев, кој во првото коло доби незгоден ривал во Германецот, Доминик Кепфер.
На другата страна од костурт се Карлос Алкараз и јаник Синер. Алкарас во првото коло ќе игра против квалификант, додека Јаник Синер за противник го доби го очекува Крис Јубенкс.
#RolandGarros Men’s Singles draw: pic.twitter.com/JAAF9YPTMT
— José Morgado (@josemorgado) May 23, 2024
Спорт
Челзи и Брајтон се заинтересирани за менаџерот на Ипсвич
Менаџерот на Ипсвич, Киран Мекена, најверојатно ќе ја одбие понудата да го продолжи договорот со клубот, откако Чесли и Брајтон покажаа интерес за него. Како што тврдат во Англија, благ фаворит за неговиот потпис е Челси.
Киран Мекена (38) има договор со Ипсвич до 2027 година, но има и големи амбиции во кариерата.
Според Би-би-си, Мекена викендов треба да се сретне со челниците на Ипсвич, но ќе ја одбие нивната понуда.
Би-би-си понатаму наведува дека Челзи е пред Брајтон, а ситуацијата во Манчестер јунајтед е покомплицирана отколку во овие два клуба бидејќи „црвените ѓаволи“ се уште не го кажале својот став за судбината на Ерик тен Хаг.
„Клубот кој ќе сака го доведе младиот менаџер прво ќе треба да му плати четири милиони фунти на Ипсвич, а со Мекена би пристигнал и неговиот помошник Мартин Перт.
Мекена ја доби наградата за менаџер на сезоната во Чемпионшип, а беше избран и за менаџер на годината во изборот на Здружението на професионални менаџери.
Мекена помина пет години во Манчестер јунајтед како асистент на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјаер, пред да замине во Ипсвич во декември 2021 година.
Спорт
Баерн сѐ уште заработува од трансферот на Левандовски
Баерн Минхен се уште заработува од трансферот на Роберт Левандовски. Полјакот летото 2022 година од Баерн се пресели во Барселона.
Барселона за Левандовски плати 45 милиони евра. Во договорот што го потпиша постои клаузула дека Баерн ќе добива бонус од 1,25 милиони евра за секоја сезона во која ќе постигне најмалку 25 голови.
Минатата сезона, кога Барселона ја освои Ла Лига, постигна 33, а оваа сезона против Рајо Ваљекано го постигна својот 25 гол и повторно донесе пари во касата на Баварците.
Левандовски има договор со Барса до 2026 година и потенцијално може преку бонусите да му донесе на Баерн вкупно пет милиони. Иако има интерес од Саудиска Арабија, Левандовски потврди дека останува во Барселона.