Спорт
Титулата во Шпанија не го спаси Чус Матео, Реал има нов тренер

Кошаркарите на Реал Мадрид станаа шампиони на Шпанија прексиноќа, бидејќи ја „исчистија“ Валенсија со победа од 3:0 во финалната серија, но таа титула не го спаси работното место на тренерот Чус Матео.
Тој беше заменет, а на негово место доаѓа закоравениот Серџо Скариоло, кој со тоа се враќа на клупата на Реал. Тој веќе беше тренер на „кралскиот“ клуб од 1999 до 2002 година, а за време на неговиот тригодишен мандат ја освои шпанската АЦБ лига во 2000 година.
По заминувањето од Реал, италијанскиот стручњак изгради брилијантна кариера. Како селектор на Шпанија, освои бројни медали, вклучувајќи злато на Европското првенство и Светското првенство во 2019 година.
Тој исто така раководеше со многу клубови од Евролигата, а беше и помошник тренер во Торонто Репторс, со кои ја освои титулата во НБА во 2019 година.
Чус Матео го однесе Реал на покривот на Европа пред две години, минатата сезона го загубија финалето на Евролигата од Панатинаикос, а оваа година не успеа да го однесе тимот до завршната четворка, бидејќи беше поразен од Олимпијакос во четвртфиналната серија.
Неуспехот во Евролигата, како и критиките за неговата нестабилна игра, го чинеа работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Алисон нема намера да го напушта „Енфилд“

Голманот Алисон Бекер нема намера да го напути „Енфилд“. Бразилецот повторно одбил профитабилен трансфер, тврди италијанскиот новинар и инсајдер Николас Шира.
Овој пат понудата дошла од клуб од Саудиска Арабија, но како и со претходниот интерес на Галатасарај, Бразилецот одлучил да остане во Ливерпул. Тој има намера да го одработи договорот што важи до летото 2027 година.
Во сезоната 2024/25, тој одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, на 13 од нив не прими гол. Со Ливерпул ја освои титулата во Премиер лигата.
Спорт
Џабари Паркер во Партизан

Џабари Паркер е официјално нов кошаркар на Партизан.
Паркер играше за Барселона минатата сезона, Американецот има статистички одлична сезона во Евролигата, каде што заедно со Кевин Пантер беше лидер на тимот на Жоан Пењароја, во просек бележеше 13,8 поени, 4 скока и 1,7 асистенции по натпревар.
Поранешениот студент на универзитет Дјук, беше втор избор на НБА драфтот избран од Милвоки Бакс во 2014 година.
Тој играше и за Чикаго Булс, Вашингтон, Атланта, Сакраменто и Бостон пред да пристигне во Барселона во 2023 година.
Пред него, Партизан го официјализираше и Дилан Осетковски, како прво засилување за новата сезона.
Спорт
Тешки противници за Пелсистер во ЛШ

Шампионот на Максдонија, Еурофарм Пелистер, доби тешки противници во Лигата на шампионите.
Пелистер во сезоната 2025/2026 ќе се натпреварува во Б групата.
Противници ќе му бидат евеопслиот првак Магдебург, Барселона, Висла, ПИК Сегед, ГОГ Гудме, ПСЖ и Загреб.
Сезоната Пелистер треба да ја започне на домашен терен против ПСЖ.
Во А групата ќе се натпреваруваат: Фуксе Берлин, Алборг, Веспрем, Кјелце, Нанат, Спортинг, Динамо Букурешт и Колштад.