Европа
Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа земја, пренесува „Ројтерс“.
Европската комисија и Италија вчера ја блокираа испораката на речиси 250.000 дози вакцини на „Астра зенека“ во Австралија бидејќи тој производител не ги исполнил обврските од договорот со ЕУ.
„Австралија го иницира прашањето пред Европската комисија преку неколку канали и конкретно побара да се преиспита одлуката“, рече австралискиот министер за здравство, Грег Хант.
Тој рече дека Австралија веќе примила 300.000 дози вакцини на „Астра зенека“ и додаде дека процесот на вакцинација не е загрозен. Австралија почна со имунизација пред две недели со вакцинирање на медицинските работници и постарите граѓани со вакцината на „Фајзер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат „чувствителни прашања“.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе започне во 11:30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот, двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави Скај њуз.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.