Свет
Австралија забележа рекорден број смртни случаи oд коронавирус
Австралија забележа рекорден дневен број смртни случаи поврзани со коронавирус, а бројот на новозаразени беше најмал во последните две недели.
Официјални лица од втората најнаселена држава Викторија, која стана жариште на вирусот, објавија дека 19 лица починале во последните 24 часа. Со смртните случаи забележани и во другите држави, ова претставува најголем пораст на починати досега.
Викторија има забележано 322 нови случаја на заразени во последните 24 часа, што е најмал број на дневно ниво од 29 јули.
Австралија со околу 21.000 заразени и 314 смртни случаи е сè уште далеку од многу други земји.
Бразил забележа 23.010 нови случаи на зараза и 572 смртни случаи, објави во неделата Министерството за здравство. Во таа земја од почетокот на пандемијата се заразени 3.035.422 лица, а бројот на починати се искачи на 101.049.
Мексиканското Министерство за здравство објави дека во неделата биле потврдени 4.376 нови случаи на инфекција и 292 смртни случаја, со што вкупниот број заразени изнесува 480.278, а починале 52.229 лица.
Мексико е трета земја во однос на смртните случаи по Соединетите Американски Држави и Бразил.
Кина објави 49 нови случаи во земјата, од кои 35 од странство.
Според „Ројтерс“, повеќе од 19,73 милиони луѓе се заразени во светот, а 726.414 починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.