Европа
Австриско истражување: Младите излечени од корона најчесто немаат антитела

Повеќето луѓе кои се излечиле од коронавирус на возраст од 15 до 40 години немаат антитела откако ќе заздрават, покажува студијата направена од австриските власти во местото Рајхенау ан дер Ракс.
„Ова е изненадувачки резултат, но се совпаѓа со фактот дека кај овие возрасни групи симптомите се лесни“, објаснува директорката на покраинскиот санитарен завод на Долна Австрија, Ирмгард Ленер.
Како дел од студијата спроведена во јуни, на целото население во Рајхенау му била понудена можност да бидат тестирани за антитела.
Во таа општина, 61 лице се разболеле во текот на пролетта, а околу 260 биле во карантин.
Во студијата учествувале 1.824 лица, вклучително и оние кои биле позитивни во текот на пролетта.
„Секој што беше позитивен со антитела на ПЦР-тест имаше кашлица, како и губење на чувството за вкус и мирис, замор и треска како придружни симптоми“, вели покраинскиот секретар за здравство Улрике Коенигсбергер-Лудвиг.
Оние чии организам не создал антитела, наводно само посочиле дека чувствуваат настинка, без главните симптоми на коронавирусот.
Градоначалникот на Рајхенау, Ханес Делер, вели дека оваа студија покажува дека никој не е безбеден, бидејќи не се знае кога симптомите ќе станат потешки, па затоа е потребна поголема одговорност на граѓаните.
Ленер и Коенигсбергер-Лудвиг истакнаа дека резултатите од студијата покажуваат оти стратегијата на Долна Австрија во борбата против вирусот е правилна.
„Не го стававме целото место во карантин, туку одевме на тоа да ги пронајдеме контактите, што го правиме и денес“, вели Ленер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Турската фудбалска легенда: „Ве молам во име на Бога, овде луѓе умираат“

Светот е потресен по веста за разорниот земјотрес кој ја погоди јужна Турција.
Легендарниот турски фудбалски голман, Волкан Демирел, кој моментно е тренер на прволигашот Хатајспор преку социјалните мрежи побара помош за жителите на областа најпогодена од разорниот земјотрес.
„Ве молам помогнете. Овде сите се очајни, во Хатај сите умираат. Ве молам, ситуацијата е многу лоша. Не можеме да допреме до луѓето. Им треба помош, Боже, помогни. Испратете ги сите ресурси што ги имате. Не се само Хатај и Антакија. Ве молам, во име на Бога, овде умираат луѓе“ – вели Демирел во потресното обраќање.
😢🇹🇷 Ex-Fenerbahçe goalkeeper and current Hatayspor manager Volkan Demirel was in tears on Instagram live.
Türkiye has been hit with a very severe earthquake: 7.8 magnitude, with hundreds sadly confirmed dead. pic.twitter.com/Sr9QqyFI6v
— EuroFoot (@eurofootcom) February 6, 2023
Европа
Бебе извлечено од урнатините по разорниот земјотрес

Два силни земјотреси утринава ја погодија областа на Турција. Разорниот земјотрес бил со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а еден час подоцна следел нов потрес со јачина од 6,7 степени.
Акцијата за спасување трае со часови, а спасувачите со сите сили се обидуваат да ги извлечат мртвите и повредените од урнатините.
Според последните податоци, бројот на загинати се искачи на 2.200 лица.
Во меѓувреме, фотографијата која го обиколи светот е бебе извлечено од урнатините. Имено, спасувачите по напорни акции успеале да пронајдат неповредено дете и да го доведат на сигурно, а судејќи по коментарите од мрежите, фотографијата расплака многумина.
Потрагата по исчезнатите и луѓето под урнатините продолжува.
Европа
(Видео) Згради се уриваат, бранови ги потопуваат улиците, луѓето се избезумени по вториот земјотрес во Турција

Уште еден разорен земјотрес ја погоди јужна Турција одземајќи илјадници животи, а дел од земјата го остави во урнатини.
Првиот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано изутринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Неколку часа подоцна, околу 13.30 часот по локално време, земјата ја погоди нов земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.
Horrible scenes keep coming!!!#deprem #Turkey #TurkeyEarthquake #earthquake #DEPREMOLDU #Adana #Kahramanmaras #sanliurfa #ACİL #Osmaniye #Hatay #BREAKING #SONDAKIKA #Tsunami #PrayForTurkey #Gaziantep#nurdagi #HAARP #Turkiye #Turquia #Turchia pic.twitter.com/XfO4hFwUew
— [email protected] (@gaganraj2010gm1) February 6, 2023
Официјалниот број на загинати, според последните информации, во Турција и во Сирија сега е повеќе од 1.380, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги погодил повеќето луѓе додека спиеле.
#SONDAKIKA
Kahramanmaraş Ekinözü 7.5 şiddetinde deprem oldu pic.twitter.com/ZHg1cTTSOF— BRC 🇹🇷 RTE🇹🇷 IŞĶ 🇹🇷 (@Bircanislek2023) February 6, 2023
На социјалните мрежи се шират снимки направени за време и по земјотресот. На една од снимките се гледа како зградите се уриваат како да се направени од хартија, а на онаа до плажата се гледаат огромни бранови, кои ја потопуваат патеката.
Едно лице снимило од својот автомобил како се уриваат зградите околу него додека земјата ја погоди вториот земјотрес со јачина од 7,5 степени.