Свет
Бајден во обраќањето до нацијата: Палката ја оставам на помладите заради обединување
Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата за прв пат откако се откажа од трката за реизбор, ја поддржа својата потпретседателка Камала Харис и истакна дека ја „дава палката“ на помладите генерации бидејќи верува дека тоа е најдобар начин за обединување на американските граѓани.
„Решив дека најдобар начин е да ја префрлам палката на новата генерација. Ова е најдобриот начин да се обедини нашата нација“, рече тој.
Бајден истакна дека ја почитува институцијата претседател, но дека повеќе ја сака својата земја, како и дека верува дека одбраната на „загрозената“ демократија е поважна од која било функција, пренесува Гласот на Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Пожар во англиско бродоградилиште каде се произведуваат нуклеарни подморници
Пожарот што избувна во бродоградилиштето BAE Systems во Бароу-ин-Фернес во северозападна Англија, каде што се градат нови британски нуклеарни подморници, не претставува ризик од нуклеарен инцидент, соопшти локалната полиција.
Британската полиција Камбрија во соопштение нагласи дека две лица се пренесени во болница по сомневање дека вдишале чад, но дека нема други жртви.
Полицијата соопшти дека сите биле евакуирани од објектот во Док Хол во Девоншир.
Локацијата на BAE во Бароу-ин-Фернес, Камбрија, ги произведува подморниците Astute и Dreadnought на Кралската морнарица, според веб-страницата на BAE.
Инцидентот бил пријавен во вторник, во 00:44 часот по локално време, соопшти полицијата.
БАЕ сè уште не одговорила на барањето на Ројтерс за коментар.
Полицијата го советуваше околното население да остане внатре.
Европа
(Видео) Неколку загинати во поплавите во Шпанија
Неколку луѓе загинаа во областите погодени од поројните поплави во југоисточна Шпанија, објави Ројтерс.
Првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека од почит кон семејствата нема да дава дополнителни информации.
Поројните дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, во вторникот ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.
Valencia, Spain: Where Heaven's Fury Unleashed Hellish Floods. 300mm of rain in 48 hours transformed the Mediterranean paradise into an apocalyptic abyss.#ValenciaUnderWater#SpainWeatherApocalypse pic.twitter.com/tXXFIoxG0K
— Dharmpal Bagariya (@Dharmpal15532) October 29, 2024
Големи поплави ја зафатија источна Шпанија, особено регионот Валенсија, поројните дождови предизвикаа хаос на патиштата, а властите трагаат по неколку исчезнати лица.
Итните служби, објавија светските медиуми, работат на спасување на луѓето од поплавените подрачја. Полицијата во градот Л’Алкудија трага по возач на камион кој се води за исчезнат.
Градоначалникот на градот Летура, Серхио Марин Санчез за шпанската јавна телевизија изјави дека службите за итни случаи трагаат по неколку лица кои исчезнаа по поплавите.
Severe flash floods hit southeastern Spain
Roads and towns submerged
A train derailed in Andalusia due to heavy rain, though no injuries were reported
Firefighters rescued trapped drivers in #Alzira, while streets were flooded with stranded cars.
AEMET (Spanish met)… pic.twitter.com/0Bh251ricM
— Deccan Chronicle (@DeccanChronicle) October 29, 2024
Понатаму, брзиот железнички сообраќај меѓу Мадрид и источното пристаниште Валенсија беше прекинат поради штетата предизвикана од невремето на железничката мрежа.
Гардијан објави дека брз воз со 276 патници излетал од шините во јужниот регион на Андалузија, но никој не е повреден.
Свет
Камала Харис го одржа последниот говор во пресрет на претседателските избори
Потпретседателката на САД и претседателски кандидат Камала Харис го одржа својот последен говор пред претседателските избори во Елипс Парк, недалеку од Белата куќа, посочувајќи дека САД се пред избори кои ќе покажат дали ќе имаат земја во која слободата е вкоренети за секој Американец или земја во која ќе владее поделба и хаос.
Ројтерс објави дека на митингот се собрале повеќе од 75.000 луѓе. Инаку, митингот се одржа во близина на Белата куќа каде на 6 јануари 2021 година Трамп им се обрати на своите поддржувачи пред да го нападнат американскиот Капитол.
Кандидатот Харис беше опкружена со американски знамиња на сцената и сино-бели транспаренти на кои пишуваше „Слобода“, а во позадина беше осветлена Белата куќа.
Во дел од говорот таа го нападна претседателскиот кандидат Доналд Трамп, посочувајќи дека тој е личноста која застана на истото место пред четири години и која испрати вооружена толпа да ја урне волјата на народот на слободни и фер избори.
„Американци загинаа како резултат на тој напад“, рече таа, додавајќи дека Трамп е нестабилна и огорчена личност.
„Тој е нестабилна личност опседната со одмазда, обземен од тага и желен за неконтролирана моќ. Доналд Трамп помина една деценија обидувајќи се да го задржи американскиот народ поделен и во страв еден од друг“, нагласи Харис.
Таа им порача на гласачите дека ќе биде претседател на сите Американци доколку ја изберат.
Таа посочи дека главен приоритет на американските власти пред четири години бил да се стави крај на пандемијата и да се спаси економијата, а сега најголем предизвик им е да ги намалат трошоците – трошоци кои растеа и пред пандемијата, а кои се уште се превисоки.