Свет
Бербок го повика Израел да ги отвори сите гранични премини во Појасот Газа за испорака на помош
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, го повика Израел да ги отвори сите гранични премини во Појасот Газа за да дозволи испорака на хуманитарна помош.
Таа изјави дека обемот на помош што влегла во Појасот Газа во последните 12 месеци никогаш не бил на толку ниско ниво како што е сега и ја опиша хуманитарната ситуација во таа област како трагична.
„Израел постојано даваше ветувања во овој поглед, кои не беа исполнети. Израелската влада мора да обезбеди поголема помош за настраданото цивилно население во Појасот Газа, без оправдување“, рече Бербок, пренесува весникот „Зидојче цајтунг“.
Според неа, голем процент од повеќе од два милиона луѓе во Појасот Газа страдаат од тешка неисхранетост и живеат во незамисливи услови.
„Никаде во светот нема толку многу деца со ампутација на толку мал простор. Големи делови од Газа се апсолутно поле на урнатини“, нагласи таа. Изјави дека Израел има право на самоодбрана, но дека тоа има свои граници во меѓународното хуманитарно право и повторно повика на прекин на огнот. „Без примирје смртта и страдањето нема да престанат“, вели Бербок, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

