Свет
„Билд“: Спречен четврти обид за убиство на Зеленски, уапсена група руски диверзанти
Запрен е четвртиот обид за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Билд“. Украинската контраразузнавачка служба спречи можен обид за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Група руски диверзанти, предводени од агент на тајната служба, е уапсена во градот Ужгород во граничниот триаголник меѓу Украина, Словачка и Унгарија, јави агенцијата „Унијан“, пренесува „Билд“.
За една недела спречени се дури три обиди за убиство на Зеленски. Покрај нападот врз Зеленски во Киев, приближно 25 лица учествуваа во серија саботажни акти во владиниот округ и други делови на Украина. Тие се обидоа да се преправаат дека се припадници на територијалните единици на Украина и на тој начин да стигнат до Киев. Оваа информација не е официјално потврдена.
Според украинските информации, руските шпионски одреди од почетокот на војната неколкупати се обиделе да влезат во Киев и да го елиминираат претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

