Европа
Борел: ЕУ не е банкомат
Поддршката на ЕУ за Украина ќе продолжи, но исто така е тесно поврзана со потребата од зајакнување на владеењето на правото и борба против корупцијата во земјата, рече високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Џозеп Борел по неговата прва посета на земјата.
Шефот на европската дипломатија беше во Киев во вторникот, а по враќањето од состанокот со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеб, тој јасно стави до знаење дека ЕУ не е ниту добротворна организација ниту банкомат.
Во изминатите шест години поранешната советска република доби 14 милијарди евра „нерегистрирана“ поддршка од ЕУ.„Сепак, не сите тековни неволји во Украина се поврзани со Ковид-19“, напиша Борел на својот блог по посетата на Киев, потсетувајќи на зголемената загриженост од меѓународните партнери и граѓанското општество дека парламентарното мнозинство на претседателот Володимир Зеленски ја изгуби својата волја за сеопфатно преструктурирање на судскиот систем и придружните тела за борба со корупција.
„И како што му реков на претседателот, ЕУ не е ниту добротворна организација ниту банкомат: ние најдобро ќе ѝ помогнеме на Украина ако ѝ помогнеме да спроведе реформи. Но, само Украинците можат да го сторат тоа“, рече тој.
ЕУ во јуни потпиша договор со Украина од 1,2 милијарди евра во форма на поволни заеми за подобрување на финансиската состојба на земјата и за дополнување на помошта на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.