Европа
Борел: Проширувањето на ЕУ – геополитички императив

Проширувањето повторно е високо на агендата на ЕУ, но со неговото заживување, мора да се направат напори за реформирање на Унијата и нејзин начин при донесување на одлуките, бидејќи и проширената Унија мора да може да функционира, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во авторскиот текст на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи, тој посочува дека тоа може да се направи со стеснување на правилата за консензус во надворешната политика и во други области, за да може одлуките да се носат со квалификувано мнозинство.
Руската војна во Украина, како што истакнува, ја забрза историјата од многу перспективи, а создаде и дебата за европскиот поредок и принципите што го поткопуваат.
За многу земји, вклучително и Украина, ова е стратешки момент да ги изразат своите аспирации за пристапување во ЕУ, вели Борел, додавајќи дека во исто време земјите од Западен Балкан со право побарале нивниот пристапен процес да се оценува врз основа на заслуги.
Поминаа речиси 20 години откако ЕУ објави во Солун дека „иднината на Западен Балкан е во ЕУ“, па затоа е разбирливо одреденото нетрпение од нивна страна, наведува тој.
„Проширувањето на ЕУ со земји кои сакаат и можат да ги исполнат условите не е „услуга“ или отстапка. Тоа е наш стратешки интерес. Веродостојната политика на проширување е геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и економскиот раст низ цела Европа“, истакнува Борел.
Истовремено, со заживување на проширувањето на ЕУ мора да се задржи капацитетот на нејзиното дејствување, вели тој, нагласувајќи дека тоа е и геополитички императив.
Посочувајќи на поделеноста на членките на ЕУ во надворешната политика, Борел смета дека ЕУ треба да го преиспита процесот на одлучување.
Силата на системот на ЕУ отсекогаш некако несогласувањата ги претворала во договори. Во таа смисла, важно е дали одлуките се донесени едногласно или со квалификувано мнозинство, објаснува тој.
Војната во Украина ја нагласи потребата ЕУ да може да носи стратешки одлуки во реално време, вели тој, и потсетува дека многу лидери и граѓани на ЕУ апелираат да се откажат од неопходноста од консензус во надворешната политика.
„Сега проширувањето е цврсто вратено на агендата, не можеме повеќе да ги туркаме главите во песок пред прашањето како би функционирала ЕУ со, на пример, 35 членки“, вели тој.
„Постојат убедливи причини за влез на Западен Балкан, давајќи им статус на кандидат за Украина и Молдавија, а наскоро и на Грузија. Но, исто така е лудо да се направи нешто што не функционира 27 години да стане целосно нефункционално на 30 и повеќе години. Мораме да го намалиме Гордиевиот јазол“, рече тој.
Има многу проблеми во надворешната политика на ЕУ и отфрлањето на едногласноста не е решение за сите проблеми, но граѓаните бараат поефикасна акција, рече тој.
Борел укажува и на идејата за изградба на поширока европска политичка заедница, како што предложија претседателот на Франција, Емануел Макрон, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
„Овој поширок клуб може да ги обедини сите европски земји кои споделуваат демократски принципи и сакаат да создадат конкретни и флексибилни форми на соработка. Станува збор за идната организација на нашиот континент и како ние како ЕУ ќе се позиционираме по војната на Русија против Украина“, напишал тој.
Таквата заедница, вели Борел, би била комплементарна на проширувањето, а не нејзина замена.
Тој веднаш ќе им овозможи на кандидатите да учествуваат во различни политики на ЕУ, а може да вклучи и некои земји кои немаат потреба да се приклучат на Унијата, како Норвешка или Швајцарија или Обединетото Кралство, доколку сакаат, рече Борељ.
Темата е сложена, но идејата има свои предности и дебатата секако ќе продолжи, заклучува Борел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Разговарав со папата, благодарни сме за неговите молитви за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави дека денеска разговарал со папата Франциско.
„Тој е запознаен со агресијата што Руската Федерација ја спроведува во Украина, со страшните злосторства на Русија“, напиша Зеленски на Твитер.
„Ние сме му благодарни на папата за неговите молитви за Украина. На нашиот народ му е потребна поддршката од светските духовни водачи, кои мора да му ја пренесат на светот вистината за ужасите што агресорот ги прави во Украина“ – додаде украинскиот претседател.
Провів розмову з @Pontifex_it. Поінформував про агресію, яку РФ здійснює проти ????????, про страшні злочини Росії. Ми вдячні понтифіку за молитви за ????????. Наш народ потребує підтримки світових духовних лідерів, які мають доносити до світу правду про жахіття, які агресор коїть в ????????.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 12, 2022
Европа
Кличко со критики за Шолц за издавањето визи на Русите

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко го критикуваше германскиот канцелар Олаф Шолц поради неговото одбивање да престане да издава визи за Русите.
Поранешниот боксерски шампион е познат уште од почетокот на руската специјална воена операција во Украина како еден од најголемите критичари на Путин, кој добива се поголема поддршка во својата земја.
„Руските граѓани се борат во Украина, мачат и убиваат мирни Украинци и деца, ги уништуваат нашите градови и села. Мнозинството руски граѓани би ја поддржале политиката на Путин и неговите крвави империјални амбиции“ рече Кличко, оправдувајќи го својот повик за замрзнување на издавањето на визите.
Како казна за специјалната воена операција, украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна побара ЕУ да престане да издава визи за Русите.
Сепак, Шолц вчера се изјасни против предлогот.
Европа
Поддршката за Путин кај Русите се зголемува

Според истражувањето на Серускиот центар за истражување на јавното мислење објавено денеска, нивото на доверба на руските граѓани во претседателот Владимир Путин се зголемило за 0,5 процентни поени во текот на неделата, на 81,3%.
„На прашањето за довербата во Путин, 81,3 отсто од анкетираните Руси одговориле позитивно (+0,5 процентни поени за неделата). Нивото на одобрување на активностите на претседателот на Русија беше 78,3% (+0,2 процентни поени неделно). Дадени се резултатите од истражувањето спроведено меѓу 1.600 возрасни Руси од 1 до 7 август.
Показателите за позитивни оценки за активностите на премиерот и на Владата на Руската Федерација во текот на изминатата недела се намалија на 52,6% (-0,2 процентни поени) и 52,2% (-0,6 процентни поени), соодветно.
„Михаил Мишустин има доверба од 63,1% од испитаниците (-0,5 процентни поени за недела)“ – се наведува во извештајот.