Европа
Брисел поделен околу извозот на вакцините, Меркел и Макрон се за радикален потег кон Британија
Европските лидери се поделени околу тоа дали да се забрани извозот на вакцини во Велика Британија, што би спречило владата на британскиот премиер, Борис Џонсон да ја отвори економијата до летото.
Радикалниот потег ќе се најде денеска на масата на лидерите на европските земји за време на видеосамитот на ЕУ за епидемиолошките мерки на Стариот Континент. Според добро упатени извори, кои сакаа да останат анонимни поради чувствителноста на темата, европските бирократи и лидери се лути што „Астразенека“ не ги достави договорените 120 милиони дози вакцини во блокот во првиот квартал, притоа почитувајќи ги сите одредби на договорот со британската влада.
Како резултат, земјите членки им дадоа на своите граѓани само 10,4 дози вакцина на 100 жители, додека владата на Џонсон им обезбеди на Британците дури 42,7 дози.
Извори од Брисел потврдија дека ЕУ е подготвена да ја блокира испораката на вакцините на „Астразенека“ произведени во холандската фабрика, но тоа прашање предизвика голем раздор меѓу лидерите на членките пред денешниот клучен самит. Висок официјален претставник на ЕУ ги опиша внатрешните разговори за ова прашање како „тотално шоу“.
И Франција и Германија најавија дека ќе ја поддржат цврстата позиција усвоена од шефот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и покрај дипломатската интервенција на Џонсон.
Но, многу други членки на ЕУ се вознемирени од идејата за блокирање на извозот, стравувајќи дека овој потег може да предизвика сериозна меѓународна штета на блокот. Ирскиот политичар Мајкл Мартин предупреди дека забраната ќе биде „многу ретрограден чекор“ што ќе се покаже како контрапродуктивен.
„Ова не се вакцини на ЕУ. Тоа се вакцини кои ги плаќаат други земји, а се произведуваат во Европа“ – рече тој.
Холандија исто така се спротивставува на забраната за извоз, а холандскиот премиер Марк Руте заговара вонредни разговори меѓу Џонсон, Фон дер Лаен и „Астразенека“ за постигнување компромис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

