Контакт

Европа

Британски медиуми: На Тереза Меј ѝ се заканува гласање недоверба уште во вторник

Објавено пред

Неколку пратеници од Конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј соопштија дека поднеле писмо за гласање недоверба на премиерката, а лондонските медиуми очекуваат во текот на денот да бидат предадени неопходни 48 писма за да се поведе постапката.

Лондонски „Телеграф“ јави дека со очекување до крајот на денот да бидат предадени 48 писма гласањето на недоверба на владата би можело да се изврши уште во вторник.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Повторно висока бројка на починати во Италија – за еден ден короната однесе 766 животи

Објавено пред

Властите во Италија соопштија дека во последните 24 часа регистрирани се 766 смртни случаи од коронавирусот.

Покрај тоа, евидентирани се и 4.585 новозаразени, што е помалку во споредба со ден претходно, со што продолжува трендот на благ пад на бројот на нови случаи на инфекција.

Вкупниот број на заразени сега изнесува 119.827.

Досега починале 14.681 лице. Закрепнале 19.758 пациенти, а бројот на активни случаи е 85.388.

Италијанските здравствени власти соопштија дека кривата на заразата го достигнала својот врв и дека треба да се вложат повеќе напори за намалување на бројот на заразени.

Министерот за здравство, Роберто Сперанца, за време на говорот во парламентот предупреди на појавата на оптимизам што може да ги поткопа досегашните напори и истакна дека првите позитивни знаци не значат дека опасноста поминала.

Тој потврди дека националниот карантин, кој требаше да заврши на 3 април, ќе биде продолжен до 13 месецов.

Училиштата се затворени, повеќето продавници и фабрики не работат, јавните собири се забранети, а на луѓето не им е дозволено да ги напуштат своите домови, освен ако не мора да одат на работа, итно да поправат нешто или да одат на неопходно пазарење.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Раздвижен ден на италијански пазар и покрај строгите мерки поради коронавирусот

Објавено пред

На почетокот на март, кога состојбата со коронавирусот во Италија стана многу тешка, премиерот Џузепе Конте воведе карантин во земјата. На почетокот беше забрането да седи во кафулиња и ресторани поблиску од еден метар оддалеченост и се советуваше што е можно помало движење надвор.

Потоа беше воведен целосен карантин, при што луѓето од домовите можеа да излезат само доколку е неопходно, но и на работа и по намирници. Затворени беа рестораните и кафулињата, како и речиси сите продавници кои не продаваат храна или лекови.

Во земјата се заразени над 115.000 луѓе, а речиси 14.000 починаа. Во ваква ситуација, фоторепортерите на агенцијата ЕПА сликале како изгледа еден пазарен ден во северноиталијанскиот град Падова, кон средината и крајот на март.

На фотографиите од крајот на месецот може да се види дека на земјата е обележан простор за одржување на потребното растојание, но сепак не сите луѓе се придржуваат до правилото. Граѓаните пазарат на отворено, поглемиот дел од нив носат маски, иако, во принцип, се преблиску едни до други.

Погледнете како изгледа купувањето намирници на италијански пазар во време на коронавирус:

 

Прикажи повеќе...

Европа

Ангела Меркел излегува од карантин

Објавено пред

По две недели карантин во својот дом, германската канцеларка Ангела Меркел се враќа во нормала. Одлуката следува по три негативни теста, а владиниот портпарол Штефен Сеиберг рече дека канцеларката се враќа на работа.

„Секако, ќе се почитуваат минималните правила за растојание“, рече тој додавајќи дека за време на карантинот канцеларката извршувала и државни работи, одржувала видеоконференции и имала јавно обраќање.

Меркел замина во карантин кога беше откриено дека докторот со кого била во контакт бил позитивен на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Најсмртоносен ден во Њујорк, за 24 часа починале 562 лица

Во Њујорк во последните 24 часа починале уште 562 луѓе од коронавирус, а ова стана најсмртоносниот ден во оваа сојузна...

Македонија2 часа

Двајца доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат работата на Инфективното одделение во Куманово

Двајца доктори од Штип и Скопје ќе работат на Инфективното одделение во Куманово, откако 11 доктори заболеа од коронавирусот, посочи...

Македонија3 часа

Целосна забрана за движење во Куманово за време на викендот

Владата донесе одлука за забрана и посебен полициски час во Општина Куманово, односно целосна забрана за движење за време на...

Топ5 часа

Притвор за двајцата насилници што тепаа девојче во Штип

Судот определи притвор за тепачите што малтретираа девојче во Штип. Тие ќе останат во притвор осум дена додека Овинителството да...

Македонија5 часа

Почина уште еден пациент од коронавирус, бројот на новозаразени е 46, а на излекувани три

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст...

Македонија6 часа

Државниот инспекторат за труд апелира работниците да пријават присилно отпуштање

Бидејќи некои од работодавците на вработените им поделија спогодби за напуштање на работните места за време на корона-кризата, Државниот инспекторат...

Економија7 часа

(Видео) Лицата што останале без работа добиваат брз влез во системот на социјална заштита

Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија добиваат брз влез во системот на социјална заштита, најавија...

Економија7 часа

Бектеши: Ќе се укине забраната за извоз на брашно, резерви храна има доволно

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека ќе се укине забраната за извоз на брашно. Тој рече дека од почетокот...

Македонија7 часа

Град Скопје се откажа од кредитот за луна-паркот, ја намали и таксата за закуп на јавен простор

Град Скопје ја намали комуналната такса за закуп на јавен простор од 15 на 5 денари за квадрат, колку што...

Економија9 часа

ЕУ понуди пакет од 100 милијарди евра за спречување на отпуштањето работници

Европската комисија предложи нов финансиски пакет за да се обезбеди целосна исплата на работниците во компаниите погодени од пандемијата на...

Македонија10 часа

Телефонска психолошка поддршка и за трудниците и за родилките, како и за лицата со нарушен слух, говор и глас

Министерството за здравство информира дека во соработка со Клиниката за психијатрија отворени се уште три нови телефонски броеви за психолошка...

Регион10 часа

„Твитер“ избриша повеќе од 8.500 налози поврзани со Вучиќ

Компанијата „Твитер“ соопшти денеска дека избришала над 8.500 налози за промоција на српскиот претседател Александар Вучиќ и Српската напредна партија....

Регион11 час

Расте бројот на бугарски пратеници заразени со вирусот

Уште двајца бугарски парламентарци се позитивни на тестот на коронавирусот. Станува збор за претседателката на парламентарната група на владејачката централнодесничарска...

Свет11 час

Трамп незадоволен кога затвореници во САД завршија на слобода поради коронавирусот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека не му се допаѓа одлуката на затворските власти во Калифорнија, Мичиген и во Пенсилванија...

Свет11 час

Кинеските власти објавија 31 нов случај на коронавирус

Кинеските власти соопштија дека има пријавено 31 нов случај на коронавирус, при што 29 се поврзани со лица од странство,...

Регион12 часа

Сасоли: ЕУ бара начин како да му помогне на Западен Балкан да се справи со пандемијата

„Живееме во време на предизвик без преседан, предизвикан од пандемијата со Ковид-19. Глобалните проблеми не може да имаат национални решенија...

Свет23 часа

Британија го зголемува бројот на дневни тестирања на 100.000

Британскиот министер за здравство вети за десетпати дека ќе го зголеми бројот на дневните тестирања на коронавирус, со што до...

Свет23 часа

Над еден милион луѓе се заразени со коронавирус во светот

Бројот на заразени со коронавирус во светот достигна еден милион и сега изнесува 1.000.168, покажуваат податоците на страницата „Ворлдометерс“. Од...

Македонија1 ден

На коронавирус позитивен психијатар од Демир Хисар, колегите од болницата испратени во изолација

Во Психијатриската болница во Демир Хисар доктор психијатар кој работел во болницата е позитивен на коронавирусот, информираше министерот за здравство,...

Свет1 ден

СЗО: Над 95 отсто од починатите од коронавирус во Европа се лица над 60 години

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, рече дека официјалните податоци покажуваат дека повеќе од...

Досие