Европа
Британски разузнавачи: Во наредните денови во Киев ќе се водат тешки борби

Британското Министерство за одбрана штотуку го објави својот најнов разузнавачки извештај во кој тие сугерираат дека, најверојатно, ќе има тешки борби во наредните денови во Киев.
„И покрај руските изјави, кои укажуваат на намерно намалување на воената активност околу Чернихив, значителните руски гранатирања и ракетни напади продолжија.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 31 March 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/dESTQT4irj
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/0NUMTq8nrj
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) March 31, 2022
Руските сили продолжуваат да ги држат позициите источно и западно од Киев и покрај повлекувањето на ограничен број единици. Тешки борби, најверојатно, ќе се водат во предградијата на Киев во наредните денови.
Тешките борби продолжуваат во Мариупол, што е клучна цел на руските сили, но украинските сили сè уште го контролираат центарот на градот“, соопшти британското Министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лукашенко: Целта на Западот е да ја распарчи Украина

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека е загрижен поради потезите на Западот, чија цел е распарчување на Украина.
Лукашенко ја обвини Полска дека сака да го окупира западниот дел на Украина, пишува „Ројтерс“.
Киев ќе мора да побара помош за да ја спречи окупацијата на западот на Украина, рече Лукашенко.
Белорускиот претседател денеска во Сочи се сретна со шефот на руската држава, Владимир Путин, а руските медиуми објавија дека разговорот бил еден на еден.
„Се договоривме да одржиме посебна средба овде во Сочи бидејќи околностите бараат толку сериозен, длабок разговор. Мислам на сѐ што е поврзано со безбедносните прашања во регионот, безбедноста на нашите земји и сѐ што е поврзано со економијата“, рече Путин.
Според агенцијата „РИА новости“, тој изјавил дека Русија се справува со санкциите.
Европа
Потврден е првиот случај на мајмунски сипаници во Шкотска

Шкотска денеска го потврди првиот случај на мајмунски сипаници, соопштија здравствените власти.
„Работиме со Националната здравствена служба и другите партнери во Шкотска и Обединетото Кралство за да го истражиме изворот на инфекцијата“, рече Ник Фин, шкотски здравствен службеник.
Тој додаде дека болното лице е примено на лекување и дека се трага по луѓето што биле во контакт со него, наведува британската агенција.
Европа
Песков: Изворот на проблемот што води до глад се оние што ни воведоа санкции

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го обвини Западот дека предизвикува глобална прехранбена криза со воведувањето на најстрогите санкции во модерната историја на Русија поради војната во Украина.
„Русија отсекогаш била многу сигурен извозник на жито. Ние не сме изворот на проблемот. Изворот на проблемот што води до глад се оние што ни воведоа санкции, како и санкции против самите себе“, рече Песков, пренесува „Ројтерс“.
Русија и Украина заедно носат речиси една третина од глобалните резерви на жито.
Украина исто така е најголемиот извозник на пченка, јачмен, сончоглед и масло од репка, а Русија и Белорусија сочинуваат над 40 отсто од глобалниот извоз на ѓубрива за култури, познати како поташа.
Според Обединетите нации, 36 земји сметаат на Русија и Украина за повеќе од половина од нивниот увоз на жито, вклучително и некои од најсиромашните во светот, како што се Либан, Сирија, Јемен, Сомалија и Конго.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатата недела изјави дека е во интензивни контакти со Русија, Украина, Турција, Соединетите Американски Држави и со Европската Унија во обид да го обнови извозот на жито од Украина.
Песков повтори дека пумпањето оружје во Украина нема да ја зголеми безбедноста или стабилноста во Европа.