Свет
Бројот на заболени во светот надминува 2,6 милиони, расте бројот на закрепнати лица
Бројот на заболени од Ковид-19 ширум светот се зголеми на 2.638.477, а повеќе од 700.000 луѓе закрепнале од оваа инфекција – 721.997, според најновите податоци на „Ворлдметерс“.
Досега во светот од новиот коронавирус починале 184.284 лица, а 56.676 лица од вкупниот број заразени или три проценти се во критична состојба.
Најлоша е состојбата во Соединетите Држави, каде што се заразени 849.092, а 47.681 починаа, додека Шпанија е на второ место со 208.389 лица.
Италија, која е на третото место со 187.327, сè уште е на второ место во светот со 25.085.
Во Европа критична е ситуацијата во Франција, Германија, Велика Британија и Турција, додека меѓу земјите во регионот, најтешка е ситуацијата во Романија, каде што 9.710 луѓе се разболеле.
Во Кина, каде што за првпат се појави новиот коронавирус, бројот на новозаразени лица опаѓа и оваа земја со 82.798 заболени и 4.632 починати е прва од азиските земји.
Од земјите од Блискиот Исток, Иран е најпогоден од инфекцијата, каде што бројот на заболени е над 85.000, а бројот на починати надминува 5.300.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Луксузната вила на Путин во Сочи ненадејно срамнета со земја: „Тој навистина се плаши“
Рускиот претседател Владимир Путин целосно срамни со земја една од неговите палати, наводно поради страв да престојува таму, бидејќи резиденцијата е во домет на украински беспилотни летала. Според новата истрага на независниот медиум Проект, пишува Дејли мејл, Путин „искрено се плаши“ дека би можел да стане цел на напад со беспилотно летало контролиран од Киев.
Во последниве години, Путин често престојуваше во Бочаров Ручеј (Бочаров Поток), резиденција со поглед на Црното Море во Сочи. Меѓутоа, палатата ненадејно била урната со булдожер, а новите сателитски снимки до кои дошол Проект покажуваат дека сега на тоа место има голема јама.
Во извештајот се тврди дека Путин ги избегнува Сочи и регионот Краснодар уште од минатата година, кога украинските беспилотни летала ги интензивираа нападите на руска територија. Украинските воздушни напади погодија различни цели во областа Сочи и Геленџик, што го натера Путин да престане да ги посетува овие региони и покрај софистицираните системи за противвоздушна одбрана кои ги штитат неговите резиденции.
Палатата Бочаров Ручеј беше урната во текот на февруари и март годинава. Иако резиденцијата беше целосно уништена, во извештајот на проектот се истакнува дека остануваат многу неодговорени прашања.
„Прво, зошто беше потребно да се урне луксузна резиденција која е реновирана пред 10 години? Одговорот е веројатно очигледен… Поради нападите со беспилотни летала, претседателот се плаши да биде на брегот на Црното Море на територијата Краснодар“, се наведува во извештајот.
„Познаникот на Путин му потврди на Проект дека претседателот навистина се плаши да лета на југ“, се вели во понатамошниот извештај.
Се шпекулира и дека Путин ја срушил палатата со намера на истото место да изгради нова, уште полуксузна, која би можела да содржи побезбедни бункери. Според Проектот, руската јавност не била информирана за уривањето бидејќи резиденциите на Путин се наоѓаат во заштитени подрачја.
Регион
Откриени детали од обвинението: што снимија камерите во Бањско Поле каде што беше убиена Данка Илиќ
Обвинението за убиството на двегодишната Данка Илиќ во Бањско Поле беше покренато пред точно две недели, односно на 24 септември, а како што објавија тогаш српските медиуми, опфатени се Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, како и таткото на Дејан, Радослав, а јавноста со будно око го чека епилогот на овој случај, односно дали ова обвинение ќе биде прифатено од судот или не.
Познати се речиси сите детали од обвинението, но она што се уште не е објавено е што пишува во обвинителниот акт кога станува збор за снимките од камерите од Бањско Поле каде што наводно е убиена Данка.
„Во обвинителниот акт пишува дека камерите го снимиле движењето на возилото во кое се наоѓале Дејан и Срѓан, но не и дека е снимен контактот помеѓу возилото и детето во Бањско Поле. Поточно, не се гледа дека детето било удрено од автомобилот“, објавија српските медиуми.
Наведено е и дека Днка Илиќ (2) е убиена така што и го прекинала доводот на воздух со рака, но исто така се забележува дека ова тврдење се заснова на признанието на обвинетиот, кое подоцна го повлекол.
Како што се наведува понатаму, судот по обвинението треба да се произнесе до крајот на овој месец.
Откако Вишиот суд ќе донесе одлука, се чека Апелацискиот суд во Ниш.
Свет
Израелската армија тврди дека го убила командантот за логистика на Хезболах
Израелската армија тврди дека го убила шефот за логистика на Хезболах, Сухаил Хусеин Хусеини во Бејрут.
Во соопштението се наведува дека Хусеини, кој раководел со логистиката на Хезболах и финансирањето на неговите различни единици, бил убиен во вчерашниот воздушен напад врз либанската престолнина.
Израелската војска соопшти дека Хусеини бил и член на Советот за џихад на Хезболах, највисокото воено тело на милитантната организација, пишува The Times of Israel.
„Хусеини одигра клучна улога во трансферот на оружје меѓу Иран и Хезболах и беше одговорен за дистрибуција на модерно оружје меѓу единиците на Хезболах, надгледувајќи го и транспортот и дистрибуцијата на ова оружје“, се вели во соопштението.
Хезболах се уште не ги коментира овие тврдења на израелската армија, пренесува Ал Џезира.