Свет
Бројот на заразени со Ковид-19 ќе расте поради сојот омикрон, смета Фаучи

Бројот на новозаразени случаи со Ковид-19 ќе продолжи да расте низ целиот свет поради сојот омикрон, изјави главниот медицински советник на американската влада, Ентони Фаучи.
Истовремено, тој ги предупреди Американците да не се опуштаат поради извештајот дека оваа варијанта е помалку штетна од другите.
„Посебно сме загрижени за оние од таа невакцинирана класа. Тие се најзагрозени кога го имате овој вирус, кој е исклучително ефикасен за да допрете до луѓето“, рече Фаучи.
Тој, исто така, ја поздрави поддршката што ја изрази поранешниот американски претседател Доналд Трамп по повод вакцинацијата и засилените дози.
Дополнително, Фаучи посочи дека можеби сè уште е потребна четврта доза од вакцината, пренесуваат светските гласила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Пожар проголта висококатница во Италија: едно лице загина, има повредени

Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во голем пожар што избувна денеска во повеќекатница во Рим, јавија локалните медиуми. Пожарникарите пронашле мртов маж на скалите од станбена зграда, јави новинскaта агенции АНСА.
Пожарот избувна попладнево во зграда во квартот Коли Агниене на североистокот од главниот град на Италија, соопшти противпожарната служба.
Un altro scoppio dopo l esplosione.. #esplosione #collianiene #esplosionepalazzo pic.twitter.com/4SS95Eh7vG
— Chiara (@chiaraguerraa) June 2, 2023
Според медиумите, неколку лица се повредени и пренесени во болница со изгореници и отежнато дишење.
Пожарот зафатил седум од осум ката на зградата, која беше во фаза на реконструкција.
🔵#Roma Una vittima e almeno 12 feriti, 5 intossicati e 7 ustionati, per un incendio divampato in una palazzina di 7 piani in ristrutturazione nella zona di Colli Aniene, periferia est della Capitale. Una ventina gli sfollati. Le fiamme sarebbero partite da un’auto parcheggiata. pic.twitter.com/cVd4i909C3
— Rai Radio1 (@Radio1Rai) June 2, 2023
Пожарот наводно избувнал на скелето пред зградата. Фотографиите и видеата од пожарникарите покажуваат густ црн чад кој се издигнува на небото.
Регион
Жена падна во провалија длабока 20 метри во Црна Гора и преживеа само со гребаници, лекарите зачудени

Руска државјанка, чиј идентитет не се соопштува, се здобила со лесни повреди кога паднала во провалија длабока дваесет метри.
Според информациите на црногорските медиуми, Русинката со својата пријателка се возела со такси од правец на Будва и во градот Обзовица го замолила возачот да застане покрај патот. Не долго потоа, таа паднала во бездната.
Припадниците на цетинската спасувачка служба веднаш излегле на местото на настанот. Ја извадиле повредената и ја предале на итната помош која ја однела во болницата во Цетиње.
Началникот на Центарот за заштита и спасување, Милош Ќечановиќ изјави за Радио Цетиње дека повредената се жалела на болки во главата и вратот и дека имала неколку гребаници.
Лекарите биле зачудени, пишува „Блиц“.
Регион
Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Албанскиот премиер Еди Рама порача дека ставот на Тирана, како и на сите лидери на ЕУ и на САД, е дека моменталната ситуација на северот е неприфатлива и оти Србите треба да се вратат во институциите, а Косово треба да распише нови избори.
Рама во интервју за „ТВ Клан“ подвлече дека ставот на албанската влада е јасен – оваа ситуација е опасна и непотребна.
На прашањето кој е одговорен, тој рече дека не е негово да ги најде одговорните.
„Во Молдавија беа присутни сите лидери на Европа и на некои други земји, а единствениот став на сите лидери на ЕУ е ист како оној на САД, дека оваа ситуација е неприфатлива и има две работи – Србите мора да се вратат во институциите, Косово мора веднаш да распише нови избори за да се реши ситуацијата“, објасни тој.
Рама објави дека на маргините на Самитот на Европската политичка заедница се сретнал со Албин Курти и Вјоса Османи, но дека не разговарале за ситуацијата на северот на Косово. Според него, тоа е прашање за кое треба да одлучат дали сакаат да разговараат со него или не.
На прашањето дали тоа значи дека нема комуникација меѓу Албанија и Косово на официјално ниво, Рама рече дека тоа не е така, туку дека се работи за одговорност и надлежност на премиерот на Косово, а до одреден степен претседателот.
„На нив е да одлучат дали сакаат да разговараат за тоа прашање или не. Не сум јас тој што ги води и им кажува како да ја завршат оваа работа. Ова е почит кон нив и кон институциите на Косово, според мене“, додаде тој. Тој посочи дека Косово се консултирало со Албанија кога сакало да се консултира.
„Кога не сакаат да се консултираат, целосно нивно право е да не се консултираат. Тој не побара да разговара со мене или со нас во Владата и има право да не разговара. Но, ние не сме рамнодушни“, рече тој.