Свет
Велика Британија и ЕУ конечно постигнаа трговски договор

Европската Унија и Велика Британија постигнаа договор за трговски односи по брегзит, седум дена пред Британија да ја напушти ЕУ.
„Конечно постигнавме договор. Тоа беше долго и мачно патување“ изјави претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, по постигнувањето на договорот.
Таа додаде дека договорот е „фер“ и „избалансиран“ и дека е „фер и одговорен“ за двете страни.
Лајен истакна дека правилата за конкуренција „ќе бидат фер и ќе останат такви“, ветувајќи дека правилата и стандардите на ЕУ ќе бидат „почитувани“. Додаде дека се договорени „ефикасни алатки за реагирање доколку се нарушат правилата на конкуренција“.
UK and EU agree post-Brexit trade deal after months of deadlock, meaning big changes from 1 January 2021https://t.co/tEVuZhcVJY
— BBC Breaking News (@BBCBreaking) December 24, 2020
„Велика Британија и Европската Унија ќе продолжат да работат заедно во сите области од заеднички интерес, како што се климатските промени, енергијата, безбедноста и транспортот“, рече таа.
Фон дер Лајен исто така потврди дека биле договорени пет и пол години „целосна предвидливост за риболовните заедници“.
„Заедно ќе постигнеме повеќе отколку одвоени“.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, рече дека Велика Британија „успеа да постигне најголем трговски договор досега“. Како што нагласи, договорот ќе им овозможи на извозниците да прават уште повеќе деловни активности „со европски пријатели“. Тој додаде дека „Британците уште од почетокот знаеја дека е изводливо, но дека им беше кажано дека тоа е невозможно“.
Британскиот премиер рече дека „за првпат од 1973 година ќе биде независна крајбрежната држава со целосна контрола на нејзините води“, додавајќи дека ќе им помогне на риболовните заедници со 100 милиони фунти за модернизација на флотата.
„Според мене, нема да биде лошо ЕУ да има просперитетна, динамична и задоволна Велика Британија на нејзиниот праг“, изјави Џонсон и додаде дека ќе има „меѓусебно почитување и признавање“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Чешка потврден новиот вид на коронавирус

Чешка пријави случаи на новиот позаразен вид на коронавирус кој првпат беше откриен во Велика Британија, објави Националниот институт за јавно здравје.
Портпаролката најави дека повеќе информации ќе бидат објавени утре.
Чешка, во која живеат 10,7 милиони жители, е една од најтешко погодените земји од коронавирус во светот досега, со 14.449 смртни случаи и над 150 смртни случаи на ден во повеќето денови од овој месец.
Научниците сметаат дека откриениот вид во Велика Британија е позаразен, што значи поголем притисок врз здравствениот систем, но дека не предизвикува посериозно заболување.
Регион
Судот му определи притвор на Мирослав Мика Алексиќ

Судот му определи притвор на српскиот режисер, сценарист и учител по глума Мирослав Мика Алексиќ кој попладнево беше сослушан пред Вишото јавно обвинителство. Тој ги негирал обвиненијата за силување поднесени од српската актерка Милена Радуловиќ и други негови ученички во школата за глума.
Тој е обвинет за осум кривични дела силување и седум кривични дела сексуално вознемирување извршени во периодот од 2008 до 2020 година.
Осомничен е за силување и сексуално вознемирување на шест женски лица, а некои од нив во времето на извршување на кривичното дело биле малолетни.
На Алексиќ му се заканува казна затвор од 15 години.
Свет
САД: Кина да им овозможи послободен пристап на истражителите на СЗО

САД бараат Кина да му дозволи на истражниот тим на Светската здравствена организација (СЗО) да има контакти во Вухан со медицински работници, поранешни пациенти и лабораториски персонал, како и пристап до медицински податоци и примероци.
Официјалниот претставник на Министерството за здравство на САД, Герет Григсби, рече пред извршниот одбор на СЗО дека Кина треба да обезбеди научни студии со податоци од примероци од животни, луѓе и животна средина собрани во Вухан, каде се верува дека избувна епидемијата на коронавирус, пренесува Ројтерс
Претставник на Кина пред извршниот одбор на СЗО рече дека политичките притисоци мора да престанат, бидејќи истражувањето за природата на вирусот е научна работа што бара координација и соработка.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира