Контакт

Свет

(Видео) Без маски, дистанца и со негативен тест 3.000 луѓе беа на забава во Ливерпул

Објавено пред

Околу 3.000 лица дојдоа на голема забава во ноќниот клуб „Циркус“, во Ливерпул, а уште толку ќе се забавуваат денес на истата локација.

Станува збор за проект кој го истражува потенцијалното пренесување на коронавирус во ситуација кога сите присутни на забавата дошле со негативен тест.

Самиот тест е доволен за влез во забавата, не се потребни ниту маски ниту дистанцирање – луѓето се прегрнуваа, се бакнуваа и танцуваа едни покрај други како во старите добри времиња.

„Луѓето се охрабруваат да танцуваат, да се потат, да уживаат – накратко, да се однесуваат како сè да е нормално“, рече еден од учесниците на забавата за „Скај њуз“.

Сепак, не беше сè како пред коронавирусот. Забавата траеше од два попладне до единаесет навечер, а пред клубот имаше шатор со истражувачи кои го следеа однесувањето на учесниците.

„За некои, сè беше целосно надреално“, изјави девојка на забавата, додека друга учесничка рече дека се чувствува како да е Божиќ, но е малку чудно што никој не носи маска.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Путин за американските медиуми: Замислете дека испраќаме војска до вашите граници

Објавено пред

Во пресрет на средбата со американскиот лидер Џозеф Бајден во Женева, рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американската телевизија „Ен-Би-Си“ оцени дека воените вежби на НАТО и на САД се одржуваат во непосредна близина на руските граници и тој запраша што ќе се случи ако Русија го стори истото.

„Замислете дека сме ја испратиле нашата војска директно до вашите граници. Каков би бил вашиот одговор?“, праша Путин.

Американската телевизија исто така потсети дека, кога Путин бил запрашан за неодамнешниот трансфер на руската армија во близина на украинската граница, Путин изјавил дека Русија спроведува воени вежби исклучиво на своја територија. Рускиот претседател го спомна фактот дека НАТО рутински спроведува воени вежби во близина на руските граници, како и фактот дека САД спроведуваат маневри на Алјаска, која е исто така во близина на руските граници.

Тој исто така ги отфрли сите обвинувања во врска со вмешаноста на Русија во изборниот процес, рече дека обвиненијата дека Русија или руски хакери се одговорни за сајбер напади во Америка се „фарса“. “Тие нè обвинија за многу работи. За мешање во изборите, за сајбер напади и така натаму. Ниту еднаш, ама ниту еднаш не се обидоа да презентираат докази. Ова се само неосновани обвинувања”, рече Путин.

Сепак, на прашање од домаќинот дали е загрижен дека американската разузнавачка служба можеби веќе навлезе длабоко во руските мрежи и дека е способна да нанесе посериозна штета, Путин рече дека, иако е можно, таквата опција не го плаши него. Од друга страна, Путин изјави дека Русија е загрижена за сајбер активностите на НАТО.

„Она од што се плашат во Америка може да биде опасност и за нас. НАТО го прогласи сајбер-просторот за борбена зона. Тие планираат нешто, подготвуваат нешто, секако дека сме загрижени за тоа“, рече Путин.
Сепак, тој исто така изрази надеж дека Русија и Америка ќе започнат процес на соработка кога станува збор за борба против компјутерскиот криминал.

„Ајде да седнеме заедно, да разговараме, да најдеме компромисни решенија што ќе бидат прифатливи за обете страни“, посочи тој.
Путин се осврна и на прашањето на рускиот блогер Алексеј Навални, велејќи дека ќе биде третиран не полошо од другите затвореници. На прашањето дали тој лично го наредил убиството на Навални, Путин рече дека Русија „нема навика да убива некого“. За време на интервјуто, Путин исто така рече дека прашањето за размена на затвореници може да се дискутира за време на претстојниот самит со американскиот државен врв.

На прашањето дали е подготвен да ја разгледа можноста за размена на затвореници, тој одговори: „Да, се разбира. Знам дека има неколку американски државјани во Русија кои се осудени и кои се во затвор. Сепак, има неспоредливо повеќе руски граѓани кои се наоѓаат во американски затвори. Овие бројки се едноставно неспоредливи”, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Објавено пред

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на алијансата да одговорат и на напади во вселената.

„Денеска, лидерите на НАТО ќе ја прошират примената на клаузулата за колективна одговорност, односно членот 5 од основачкиот договор на НАТО – ‘сите за еден, еден за сите’, така што членките на алијансата ќе бидат подготвени да одговорат на вселенските напади“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Членот 5 од основачкиот договор на НАТО вели дека напад врз кој било од 30-те сојузници ќе се смета за напад врз сите. Досега тоа се применуваше само на повеќе традиционални воени напади на копно, море или воздух, а неодамна и во сајбер-просторот.

„На овој самит ќе ставиме до знаење дека, се разбира, секој напад врз вселенските капацитети, како што се сателити и слично, или напад од вселената, може да го активира членот 5“, рече Столтенберг неколку часа пред да претседава со самитот со американскиот претседател Џо Бајден и неговите колеги.

Речиси 2.000 сателити кружат околу Земјата, а со повеќе од половината управуваат членките на НАТО опфаќајќи речиси сè – од мобилни телефони и банкарски услуги до временски прогнози.

Воените команданти се потпираат на некои од нив за навигација, комуникација и за размена на разузнавачки информации. Во декември 2019 година лидерите на НАТО го прогласија вселенскиот простор за петти домен на операциите на алијансата по копно, море, воздух и во сајбер-просторот.

Многу земји членки се загрижени за, како што велат, сè поагресивното однесување на Кина и Русија во вселената. Околу 80 земји имаат сателити, а на тоа поле се појавуваат сѐ повеќе приватни компании.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Објавено пред

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица ја разгледуваат можноста за релаксирање на правилата во врска со носењето заштитни маски.

Институтот „Роберт Кох“ денеска објави дека во последните 24 часа регистрирани се 549 новоинфицирани лица, што е првпат од 21 септември бројката да е помала од 1.000, иако обично се случува бројките во текот на викендот да бидат релативно ниски затоа што се тестираат помалку луѓе.

Повеќе од 3,7 милиони луѓе се заразиле во Германија од почетокот на пандемијата, а со новите 10 потврдени смртни случаи бројот на починати достигна 89.844.

Со намалувањето на бројот на заразени се иницира прашањето за носењето заштитни маски. Министерот за здравство, Јенс Шпан, изјави дека треба да се оди постепено и дека првин треба да се укинат правилата за носење маски на отворено.

Тој додаде дека мерката носење маски во затворен простор може постепено да се укинува во области со мал број заразени лица и со висока стапка на вакцинација.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Земјите од НАТО заеднички ќе се бранат и од напади во вселената

Проширувањето на членот 5 од договорот за основање на НАТО, кој денеска ќе биде продолжен, им овозможува на членките на...

Македонија2 часа

Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на...

Европа2 часа

Во Германија најнизок број на новозаразени во последните 9 месеци

Во Германија е регистриран најмал број на новозаразени од коронавирус на дневно ниво во последните девет месеци, па официјалните лица...

Економија4 часа

Од полноќ се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15%...

Македонија4 часа

Груби и Мерко за рушењето на платформите во Струга: Зелената агенда е веќе во акција

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, и...

Регион5 часа

Хрватска ги промовира ковид-автобусите

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, и директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Цапак, промовираа вакцинација со...

Македонија5 часа

Бројот на ковид-пациенти во македонските болници падна под 100

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во...

Македонија7 часа

Кризниот штаб предлага да се укине полицискиот час, на свадба да може да има повеќе од 100 гости

Кризниот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести, меѓу кои е и укинување на полицискиот час од среда,...

Свет7 часа

Кавалери од ЕМА реагира дека погрешно е цитиран: „Вакцината на ‘Астра зенека’ е добра за сите возрасти“

Марко Кавалери, шеф на работната група за коронавирус во Европската агенција за лекови, рече дека вакцината на „Астра зенека“ има...

Македонија8 часа

Македонија првпат на самит на НАТО како полноправна членка

Во Брисел денеска се одржува самит на НАТО на кој Македонија ќе го има своето прво учество како полноправна членка...

Спорт20 часа

Ангеловски: Нема разочарување, имаме уште два натпревари!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски по натпреварот со Австрија изјави дека репрезентацијата не успеала да се соземе...

Спорт20 часа

Пандев: За нас ова е големо искуство, жал ми е за навивачите

Фудбалската репрезентација на Македонија безмалку 80 минути имаше нерешен резултат во дуелот со Австрија, но во последните минути Австријците со...

Спорт20 часа

Македонија со пораз од Австрија на стартот на ЕП

Замените на австрискиот селектор Фода – Грегорич и Арнаутовиќ беа кобни за македонскиот национален тим во првиот меч на едно...

Македонија1 ден

За првпат по 9 месеци, во Македонија нема починат од коронавирус

За прв пат по 2 септември 2020, во Македонија не е забележан ниту еден смртен случај од Ковид-19, во изминатото...

Европа1 ден

ЕМА: „Астразенека“ да не се дава на постари од 60 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека треба да се избегнува вакцината „Астразенека“  за лица над 60 години, поради стравувања...

Топ1 ден

Полицаецот по кој се трагаше е пронајден починат во водите на Брегалница

Во возило во водите на Брегалница е пронајдено е телото на 51 годишниот полицаец Т.С. од Делчево, кој беше пријавен за...

Македонија1 ден

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во...

Спорт1 ден

Селекторот Ангеловски емотивен: Вие сте моите херои!

Пред денешното деби на Македонија на Европското првенство, на натпреварот во Букурешт против Австрија, селекторот Игор Ангеловски на Инстаграм сподели...

Македонија1 ден

Општина Центар за протестот: Ќе се засадат нови дрвја на Орце Николов, отстранетите беа стари, болни и оштетени

По повод денешниот протест против сечата на дрвјата на улицата Орце Николов, општина Центар тврди дека останува посветена на остварување...

Македонија2 дена

Мицкоски: Ги почитуваме стратешките интереси на партнерите, но ги почитуваме и македонските национални интереси

ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери, но тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се...

Досие