Свет
(Видео) Војници ги хранеле децата: објавено ново видео од децата пронајдени во џунглата еден месец по авионската несреќа

Колумбискиот јавен сервис објави нова снимка од четирите деца, кои беа пронајдени во џунглата пет недели по авионската несреќа.
На видеото се гледа како колумбиските војници ги хранат децата.
Тие се на возраст од 13, 9, 4 години и 11-месечно бебе, патувале со мајка им од амазонското село Аракуара до градот Сан Хозе дел Гуавијаре кога авионот „цесна“, во кој се наоѓале, се урна откога пилотот пријавил дефект на моторот. Несреќата се случи рано утрото на 1 мај.
Децата, кои се членови на домородната заедница Хуито, беа пронајдени од воено куче во петокот по поминат повеќе од еден месец во област полна со змии, комарци и други животни.
Мајката и уште двајца од авионот загинале, а децата преживеале во џунглата јадејќи овошје и семки. Тие беа пронајдени во мало чистилиште во џунглата и однесени во болница во Богота, каде што ги посети претседателот на земјата, Густаво Петро.
Лекарите соопштија дека децата добиле каснувања од инсекти и полесни повреди, но дека се во стабилна состојба. Вчера, семејството на децата ги откри последните моменти на мајка им и советот што им го дала за да се спасат по авионската несреќа во амазонската прашума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Ако не бидеме примени во НАТО, потребна ни е помош од САД – тоа е нашиот план Б

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ќе и требаат Соединетите држави да помогнат во изградбата на армија толку голема како Русија која ќе служи како „план Б“ доколку неговата земја не биде примена во Организацијата на Северноатлантскиот договор.
Киев е во војна со руските сили кои започнаа инвазија во февруари 2022 година, па затоа тврди дека пристапувањето во НАТО би било најсилниот и најевтин начин да се спречи Русија да започне нова инвазија на Украина откако ќе се постигне прекин на огнот или мировен договор.
„Ако Украина не е во НАТО, тоа значи дека Украина ќе го изгради НАТО на нејзина територија. Значи, потребна ни е армија толку голема колку што имаат Русите денес“, рече Зеленски во интервјуто за Економист.
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека Соединетите Држави не го гледаат членството на Киев во алијансата како дел од мировниот план за Украина.
Свет
Романскиот центристички лидер ја презема функцијата привремен претседател

Лидерот на центристичката Либерална партија Илие Болојан денеска стана привремен претседател на Романија, откако стапи на сила оставката на актуелниот претседател на земјата, Клаус Јоханис.
Болојан (55), кој до денес беше и претседател на Сенатот, ја презема функцијата од колегата центрист Клаус Јоханис, кој пред два дена поднесе оставка од функцијата претседател на Романија, откако опозициските партии најавија дека ќе бараат негов импичмент.
Тешко десничарските пратеници сега планираат да поднесат барање за недоверба на владата на широката коалиција, која има тесно мнозинство во парламентот и ја вклучува Либералната партија на Болојан, објави Ројтерс.
Свет
Канадскиот министер за одбрана: Идеите на Трамп за анексија на Канада се навредливи

Канадскиот министер за одбрана Бил Блер денеска во Брисел, по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека идејата на американскиот претседател Доналд Трамп Канада да стане 51-та држава на САД е „навредлива“, но дека тој не верува дека неговата земја е „навистина под закана“.
„Една од работите што мислам дека треба да им биде јасна на сите, вклучително и на господинот Трамп, е дека моите сограѓани Канаѓани секогаш ќе застанат во одбрана на нашата нација, за нашата земја. Подготвени сме да се браниме доколку е потребно, а тоа секогаш бара жртви“, рече Блер, пренесува американски Политико.
Блер рече дека и верува на Америка и не е „потресен како некои“, тврдејќи дека тоа е затоа што со децении соработувал со Соединетите Држави преку низа различни администрации.