Контакт

Свет

(Видео) Во Франција до пладне гласале 26,41 отсто од гласачите

Објавено пред

Дo пладне, четири часа по отворањето на избирачките места во Франција, во вториот круг од претседателските избори гласале 26,41 отсто од регистрираните гласачи. Речиси 2 отсто помалку гласале отколку во вториот круг од 2017 година, но одѕивот е нешто подобар во споредба со првиот круг од пред две недели, кога на гласање до пладне излегле 25,48 гласачи.

dobivaj vesti na viber

Во вториот круг, по жестоката и поларизирачка изборна кампања, Макрон е фаворит во трката за нов петгодишен претседателски мандат. Анкетите на јавното мислење во последните денови му дадоа на Макрон солидно и благо растечко водство од 10 отсто, бидејќи аналитичарите велат дека Ле Пен – и покрај напорите да го омекне неговиот имиџ и некои од политиките на неговата партија – остана неприфатлива за многумина.

Бројни француски медиуми, меѓу кои „Парисиен“, конзервативните дневни весници „Монд“ и „Фигаро“, на последниот ден пред гласањето во вториот круг од француските претседателски избори ги повикаа гласачите да го задржат Макрон во Елисејската палата.

Макрон и неговите сојузници истакнаа дека силната излезност на гласачите е клучна за да се избегне шок како оној во Велика Британија и САД, откако слични анкети во 2016 година резултираа со Брегзит и доаѓањето на власт на Доналд Трамп.

Победата на Ле Пен во Европа несомнено би предизвикала шок. Левичарските лидери на ЕУ, вклучително и германскиот канцелар Олаф Шолц, ги повикуваат Французите да гласаат за Макрон, а не за неговиот ривал.

Европа

Нехамер: Путин е подготвен да овозможи извоз преку украинските пристаништа

Објавено пред

„Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа“, изјави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.

dobivaj vesti na viber

По телефонскиот разговор со Путин на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.

Австрискиот канцелар нагласува дека останува да се види дали тоа се само празни зборови или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извоз преку пристаништата, пренесе Танјуг.

Прикажи повеќе...

Европа

Шолц: Путин сака нас да не обвини за кризата со гладот

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му ја припише на Западот одговорност за кризата со глад, што ја предизвикал со агресијата врз Украина.

dobivaj vesti na viber

– Наративот на Путин мора итно да се побие – нагласи Шолц во Штутгарт.

Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“. Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.

– Кризата на глад, која беше предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина – рече тој, пренесе Блиц.рс.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Објавено пред

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

– Предноста на интеграцискиот курс сега е особено очигледна, во сегашната тешка меѓународна ситуација, а тоа е практично агресија на некои непријателски држави – рече Путин на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет, кој се одржува во форма на видео-конференција.

Рускиот претседател додаде дека учесниците на состанокот биле „убедени дека интеграцијата економски ќе ги зајакне нивните земји и“ значително ќе ја намали нивната зависност од надворешни кризи, вклучително и политички, пренесе ТАСС.

Путин зборуваше за мерките што ги презема владата во сегашните услови.

Тој рече дека Владата навремено носи одлуки за стабилно функционирање на пазарот и финансискиот сектор и се грижи за клучните индустрии и компании кои се од системско значење.

Путин рече дека е обезбедена поддршка за ликвидноста на банките и дека се шири практиката на тргување во национални валути со земји кои со своите постапки покажале дека се доверливи партнери на Русија.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа24 минути

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...

Македонија2 часа

Од денес повторно отворена македонската амбасада во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во...

Македонија4 часа

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет4 часа

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија5 часа

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија5 часа

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион6 часа

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет6 часа

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија6 часа

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија7 часа

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...

Свет8 часа

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи....

Свет9 часа

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Администрацијата има намера да го направи...

Свет21 час

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија23 часа

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт23 часа

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија1 ден

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија1 ден

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија1 ден

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...

Топ1 ден

Дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес

Едно дете загина, а две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес. Според информациите од...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат интерпелација за Талат Џафери

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ќе поднесат интерпелација на претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави координаторот...