Свет
(Видео) Голема експлозија на Куба – уништен хотел, осум лица загинаа

Голема експлозија се случи денеска во главниот град на Куба, а уништен е хотелот во Хавана.
BREAKING: Major explosion damages historic hotel in Havana, Cuba; no word on injuries pic.twitter.com/QyksoqI2fI
— BNO News (@BNONews) May 6, 2022
Бројот на загинати во силната експлозија во хотелот Саратога во центарот на Хавана се искачи на осум, а околу 30 лица се повредени, соопшти денеска кубанската влада.
„Според последните податоци, осум лица загинаа, а околу 30 се пренесени во болница. Во тек е акција за дарување крв“, објави кубанската влада на својот профил на Твитер, пренесе ТАС С.
Се верува дека причина за експлозијата во хотелот Саратога е истекување на гас, соопштија од претседателскиот кабинет на Куба, кои во твит наведоа дека повеќе детали ќе следат наскоро, пишува „Си-Ен-Ен“.
Очевидци настанот го опишаа како „моќна експлозија“ која уништи автобуси и автомобили пред хотел во центарот на градот.
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел го посети местото на експлозијата и истакна дека ја отфрла можноста за бомбашки напад, додека министерот за надворешни работи на Мексико на Твитер се солидаризира со жртвите од експлозијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Суперјахта се запали во Англија и потона

Суперјахтата се запалила и потонала на северозападот на Англија додека била закотвена. Полицијата добила дојава за пожар на брод долг 26 метри, во англискиот град Девон.
Сведоците опишаа дека слушнале тресок пред да видат огромен облак од црн чад. Засега нема информации за повредени, соопшти полицијата во Девон и Корнвол. Итната помош брзо пристигнала на местото на несреќата, а полицијата евакуирала плажа и патишта во близина.
Агенцијата за животна средина (ЕА) соопшти дека се верува дека на јахтата имало околу девет тони дизел. Портпаролот на полицијата рече дека жителите во близина треба да ги држат вратите и прозорците затворени „поради нивото на чад и испарувањето“. Тој додаде дека се уште не е позната причината за пожарот.
ЕА додава дека бидејќи јахтата сега потонала, фокусот е на загадувањето. Нејзиниот портпарол додаде дека одговорот на заканата ќе го води капетанот на пристаништето, додека агенцијата ќе дава совети и насоки за квалитетот на водата за капење.
Регион
Вучиќ и Путин денеска ќе разговараат за цената на гасот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Минатата недела Вучиќ најави дека разговорот ќе започне во 11 часот.
Тој во последните денови рече дека три работи му се важни во разговорот со неговиот руски колега – количината на гас, цената на гасот и безбедноста на снабдувањето.
Според претседателот на Србија, покрај договорот за гас ќе се разговара и за соработката и за сите други прашања.
Вучиќ претходно изјави дека верува оти Србија „ќе добие фер цена за гасот од своите руски партнери“.
„Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“, рече Вучиќ.
Свет
Британското разузнавање: Русија сака да се претстави како разумен актер и да си ги олесни санкциите

Русија покажа дека е подготвена да го искористи глобалниот пристап кон храната за своите политички цели, а потоа да се претстави како разумен актер и да го обвинува Западот за секој неуспех, се вели во најновиот разузнавачки извештај на британското Министерство за одбрана.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко на 25 мај изјави дека Русија е подготвена да обезбеди хуманитарен коридор за бродовите што превезуваат храна низ Црното Море во замена за укинување на санкциите.
Министерот, исто така, побара од Украина да ги отстрани мините од областа околу пристаништето Одеса за да им дозволи на бродовите да минуваат. Во овој случај, Украина постави поморски мини поради, како што беше наведено, закана од руски амфибиски напади од Црното Море.
„Русија покажа дека е подготвена да ја искористи глобалната безбедност на храната за своите политички цели, а потоа да се претстави како разумен актер и да го обвинува Западот за секој неуспех. Обидот на Русија да ги олесни меѓународните санкции, исто така, го нагласува притисокот што санкциите го вршат врз режимот“, според најновиот извештај.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 29 May 2022
Find out more about the UK government’s response: https://t.co/uOVOzCZE8O
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/f1hL0W2AGs
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) May 29, 2022