Свет
(Видео) Уапсен мажот осомничен за убиство на две лица на Флорида за време на прославата на Ноќта на вештерките
Полицијата во Тампа, Флорида, уапси маж осомничен за убиство на две лица во оруженото насилство што предизвика хаос во неделата во кварт преполн со барови и клубови за време на прославите на Ноќта на вештерките, соопштија локалните власти.
BREAKING: Halloween Celebration Mass shooting in Ybor City, Tampa, Florida Early this morning:
– At least 18 are injured and 2 are dead after a mass shooting took place this morning.
– The shooting took place on the 1600 block of East 7th Avenue in Tampa.
– The shooting began… pic.twitter.com/mRbvWXcrn7
— Brian Krassenstein (@krassenstein) October 29, 2023
Шеснаесет лица се повредени, сите освен еден, од огнено оружје, соопшти полицијата.
Убиени се 14-годишник и 20-годишник
Тајрел Стивен Филипс (22) е обвинет за убиство од втор степен на 14-годишно момче и на 20-годишен маж по судирот пред зори меѓу две групи во Тампа, соопшти полицијата.
Видеата на платформата за социјалните мрежи Х, порано позната како „Твитер“, покажаа луѓе како трчаат низ темнината додека одекнуваат најмалку десетина истрели. На некои видеа се гледаат полицајци како брзаат да им помогнат на луѓето во костими, кои крвават на тротоарите.
Две лица загинале, а 16 со повреди се пренесени во болница, од кои 15 со прострелни рани, се вели во соопштението на полицијата.
На многумина од повредените, на возраст од 18 до 27 години, им била укажана помош и биле пуштени, но петмина останале во болница, соопшти полицијата.
Началникот на полицијата во Тампа, Ли Беркау, рече дека сведоците ѝ помогнале на полицијата да го идентификува и уапси осомничениот напаѓач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ова се загинатите во железничката несреќа во Нови Сад, меѓу нив има и четири деца
Во трагедијата што се случи на Железничката станица во Нови Сад животот го загубија 14 лица.
Меѓу загинатите има и четири деца. Меѓу жртвите има и две девојчиња кои отишле со својот дедо кај друг дедо и баба да прослават, една девојка и еден дечко кои отишле да го прослават својот 21 роденден, додека најмладата жртва има само 5 години. Меѓу 14-те загинати има и маж од Македонија.
Васко Саздовски (45) Македонија
Комар Немања (17) од Степановиќево
Руман Андела (20) од Стара Пазова
Ѓорѓе Фириќ (53) од Ковиље
Фириќ Валентина (9) од Ковиљи
Фириќ Сара (5) од Ковиљи
Адамовиќ Милица (16) од Каќ
Милева Карановиќ (76) од Каќ
Арбутина Ќириќ Сања (35) од Каќ
Хрка Стефан (27) од Белград
Милосављевиќ Милош (21) од Кничанин
Швоња Ѓуро (77) од Степановиќево
Раковиќ Вукашин (69) од Буковац
Раца Горанка (58) од Нови Сад
Меѓу загинатите е и Васко Саздовски (45), научник од Македонија, кој работел во Институтот Биосен во Нови Сад, каде што се истражуваат и развиваат информатичките технологии за земјоделството. Зад себе ги остави сопругата и двете деца.
Регион
Повредените во несреќа во Нови Сад се во тешка состојба, изјави Дачиќ
Трите лица, кои беа повредени при уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, сè уште се во тешка состојба, изјави на 3 ноември српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Во гостувањето на РТС, Дачиќ рече дека последиците од несреќата биле такви бидејќи бетонската настрешница била исклучително тешка.
Во несреќата што се случи на 1 ноември загинаа 14 лица, а причината за падот на настрешницата сè уште не е позната.
Министерот за внатрешни работи на Србија посочи дека во текот на денот ќе бидат сослушани уште пет лица, а на 2 ноември во просториите на полициската управа во Нови Сад биле сослушани 26 лица за да се утврдат причините и одговорноста за тоа што се случило.
Српската железница на денот на несреќата, 1 ноември, соопшти дека настрешницата што паднала „не била предмет на реконструкција како дел од работите на реновирање на зградата“ што било во рамки на градежниот проект за брзата пруга Нови Сад – Суботица.
Како што наведоа во соопштението, во рамки на реконструкцијата се работело на внатрешноста на станицата, покривот и фасадата над и под настрешницата.
Свет
Украина ги соборила сите дронови што Русија ги користела за да го нападне Киев
Украинските сили за противвоздушна одбрана ги пресретнале сите беспилотни летала со кои Русија го нападна Киев ноќеска, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на украински официјални лица.
Градската воена управа на Киев соопшти дека остатоци од пресретнати дронови паднале во две области на главниот град на Украина.
Повеќето руски беспилотни летала пристигнале од североисток, приближувајќи се кон Киев од различни страни.
Во текот на ноќта двапати беше прогласена воздушна тревога, која траеше вкупно пет и пол часа.