Европа
(Видео) Немири на аеродром во Русија, толпа го блокира авионот од Израел
Аеродромот во Махачкала во Дагестан вчера беше привремено затворен поради упад на непознати лица по најавата за пристигнување на летот од Израел, а на местото беа распоредени безбедносни сили, соопшти руската агенција за воздушен транспорт, „Росавијација“.
„Поради упад на непознати лица во сообраќајниот дел на аеродромот во Махачкала, одлучено е привремено да се затвори за влезни и појдовни летови“, соопшти „Росавијација“ додавајќи дека „полициските сили се на местото на настанот“.
L’aéroport de Makhachkala a été fermé en raison des troubles. Des vols en provenance de Nijnevartovsk et de Moscou tournent dans le ciel. Il est possible que des avions soient transportés vers les aéroports des républiques voisines. pic.twitter.com/OVwFevOjqO
— buckler🇫🇷🇪🇺🇺🇦 #NAFO (@bucklerbuckler1) October 29, 2023
Група мажи вчера упаднаа на пистата и во зградата на аеродромот во Махачкала, главниот град на Дагестан, руска република со мнозинско муслиманско население, по најавата за пристигнување авион од Израел. Според „Известија“ и РТ, мажите дошле до покривот на зградата и на пистата. На видеата објавени на „Телеграм“ се гледаат десетици мажи како уриваат огради, се обидуваат да ги контролираат автомобилите што излегуваат од аеродромот и ги кршат вратите во зградата.
🇷🇺🇵🇸🇮🇱 | GUERRA ISRAEL-GAZA: Musulmanes cantan Allahu Akbar y persiguen a judíos que sospechan que están en un avión en el aeropuerto de Makhachkala-Daguestán, Rusia.pic.twitter.com/JQr3i3LA9W
— ShinRa News Network (@NewsShinra) October 29, 2023
Друго видео покажува човек што стои на крилото на авионот на руската „Ред вингс“. Според специјализираната веб-страница „Флајтрадар“, авионот на компанијата што полета од Тел Авив слета во Махачкала во 19 часот по локално време. Рускиот независен весник „Сота“ пишува дека авионот требало да го продолжи патувањето кон Москва.
Пред да влезат во зградата на аеродромот неколку демонстранти се обидоа да ги проверат пасошите на луѓето додека излегуваа од аеродромот барајќи израелски државјани.
In #Dagestan, a crowd stormed the building of Makhachkala airport in search of Jews from a flight from Tel Aviv. pic.twitter.com/TaBvakBKIE
— NEXTA (@nexta_tv) October 29, 2023
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагира на ситуацијата на аеродромот и ги повика руските власти да ги заштитат израелските граѓани.
„Очекуваме руските органи за спроведување на законот да ја заштитат безбедноста на сите израелски граѓани и Евреи каде и да се“, соопшти канцеларијата.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е и самиот Евреин, исто така го коментира инцидентот нарекувајќи го застрашувачки.
Appalling videos from Makhachkala, Russia, where an angry mob broke into the airport searching for Israeli citizens on the flight from Tel-Aviv.
This is not an isolated incident in Makhachkala, but rather part of Russia’s widespread culture of hatred toward other nations, which…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 29, 2023
Во соопштението за медиумите од Министерството за надворешни работи во Ерусалим се наведува дека израелскиот амбасадор во Москва е во контакт со руските власти. „Израел очекува руските тела за спроведување на законот да ги заштитат сите израелски граѓани и Евреи, кои и да се тие, и да преземат строги мерки против бунтовниците и против неконтролираното поттикнување насочено кон Евреите и Израелците“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Руските органи на прогонот доцна вечерта објавија дека сите неовластени граѓани се отстранети од аеродромот во Махачкала и дека ситуацијата е под контрола. Воздухопловните власти соопштија дека аеродромот во Махачкала ќе остане затворен до 6 ноември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ги убил двајцата внуци, па си пресудил самиот на себе: пензионер се забарикадирал во куќа во Шпанија
Трагедија се случи во мал шпански град кога пензионер ги уби своите двајца внуци на возраст од 10 и 13 години пред да се самоубие – два месеца откако сопруга и ќерката му загинаа во сообраќајна несреќа додека тој возел.
Полицијата ја опколила куќата на 72-годишниот маж откако тој синоќа се забарикадирал во имотот со момчињата.
Нивните три тела беа пронајдени околу 8.30 часот утринава во разни простории од куќата во Хуетор Тајар – град со околу 10.000 жители, во близина на градот Гранада во јужна Шпанија – кога насилно влегле вооружени полицајци.
Едното дете е убиено со огнено оружје, а другото се удавило.
Извори блиски до истрагата велат дека едно од децата имало прострелни рани, а другото се верува дека се удавило.
Истражителите на Цивилната гарда велат дека пензионерот се застрелал со истото огнено оружје што го користел за да го убие својот внук.
Неговата сопруга и ќерката, мајка на две деца, ја загубија борбата за живот кога беа исечени од остатоците од автомобилот што го управуваше 72-годишникот.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица, каде што итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.
Европа
Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има штета, престана да работи“
Руска нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, објави денеска државната новинска агенција „Тасс“ цитирајќи претставник на компанијата за безбедност.
Шест беспилотни летала погодија област на нафтена рафинерија во Славјанск во јужниот дел на Русија Краснодар во раните утрински часови, според локалните власти.
Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека рафинеријата престанала да работи по нападот.
„Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзината големина и опсегот“, ја цитира „Тасс“ изјавата на безбедносниот претставник Едуард Труднев во понеделникот.
Рафинеријата во Славјанск е приватна постројка со капацитет од речиси 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.