Свет
(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле
Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина од смртоносните протести против конзервативната влада.
На видеоснимките може да се види уривањето на кулата Парокија де ла Асунсион, една од најстарите цркви во Сантијаго де Чиле. Исто така, може да се види и Иглесија де Сан Франциско де Борја, која полицијата обично ја користи за церемонии, како е зафатена со пламен.
Протестите почнаа мирно на Плаза Италија, позната и како Плаза де ла Дигнидад, но набргу станаа насилни и покрај полициското присуство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
