Свет
(Видео) Иран го ракетира Пакистан, Пакистанците се закануваат со одмазда: Убивте две девојчиња

Пакистан остро го осуди иранскиот воздушен напад, во кој загинаа две деца, нарекувајќи го „неиспровоцирано нарушување на воздушниот простор“ и заканувајќи се со одмазда. Иран тврди дека користел „прецизни проектили и беспилотни летала“ за да уништи две упоришта на сунитската милитантна група Џаиш ал-Адл во областа на селото Кох-е-Сабз во пакистанската југозападна провинција Балучистан.
Нападот доаѓа откако еден ден претходно Иран лансира проектили врз северен Ирак и Сирија, што е најновата ескалација на непријателствата на Блискиот Исток. Постои ризик војната во Газа да се претвори во поширок регионален конфликт. Пакистанското Министерство за надворешни работи соопшти дека во нападот на нејзина територија биле убиени „две невини деца“ и го предупреди Иран на „сериозни последици“.
Тие го опишаа воздушниот напад како „неиспровоцирано нарушување на неговиот воздушен простор од страна на Иран во пакистанска територија“.
„Уште позагрижувачки е што овој незаконски чин се случи и покрај постоењето неколку канали за комуникација меѓу Пакистан и Иран“, додаваат тие во соопштението.
Pakistani location which was hit by Irani missile….#Iran #IranAttackPakistan #Pakistan pic.twitter.com/awCLZ3kxNZ
— Mr Sinha (@MrSinha_) January 17, 2024
По нападот, нуклеарно вооружениот Пакистан поднесе силен протест кај висок функционер во иранското Министерство за надворешни работи во Техеран и го повика иранскиот вршител на должноста велејќи дека „одговорноста за последиците ќе биде директно на Иран“.
Милитантната група Џаиш ал-Адл доцна синоќа објави дека иранската Револуционерна гарда употребила шест нападни беспилотни летала и налет од ракети за да уништи две куќи во кои живееле децата и жените на нејзините борци.
Властите во провинцијата Балучистан изјавија за Си-ен-ен дека две девојчиња се убиени, а најмалку четири лица се повредени. Тие истакнаа дека станува збор за девојчиња на возраст од осум до 12 години, кои биле во оштетени куќи во селото Кох-е-Сабз.
Локалниот функционер Мумтаз Кетран истакна дека цел била и џамијата во близина на куќите и дека била погодена за време на нападот. Селото Кох-е-Сабз, на 50-ина километри од пакистанската граница со Иран, е познато како дом на Мула Хашим, поранешен командант на Џаиш ал-Адл, кој беше убиен во судирите со иранските сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Путин вели дека денес ќе разговара со Трамп

Рускиот претседател, Владимир Путин, денес изјави дека подоцна во текот на денот ќе разговара со својот американски колега Доналд Трамп.
Ова ќе биде шестиот јавно познат разговор меѓу двајцата лидери откако Трамп се врати во Белата куќа во јануари, а ќе се одржи во услови на досега неуспешни напори на Соединетите Американски Држави да преговараат за прекин на огнот во Украина.
Двајцата претседатели последен пат разговараа на 14 јуни, а главната тема на нивниот разговор беше Иран.
Европа
Украина припаѓа на Европската Унија, му рече данската премиерка на Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Орхус, западна Данска, каде што ќе присуствува на одбележувањето на почетокот на данското претседателство со Советот на Европската Унија.
Според најавата на данската влада, Зеленски ќе разговара со премиерката Мете Фредериксен, претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, и со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
Тие ќе разговараат за поголема воена поддршка за Украина, соработка со украинската одбранбена индустрија и нови санкции против Русија.
„Украина припаѓа на Европската Унија, тоа е во интерес и на Данска и на Европа. Затоа данското претседателство ќе направи сè што може за да ѝ помогне на Украина на патот кон членство во ЕУ“, рече Фредериксен.
Данската премиерка истакнува дека ЕУ мора да ја зајакне Украина и да ја ослаби Русија.
„Украина е клучна за безбедноста на Европа. Мора да го зголемиме притисокот врз Русија“, рече Фредериксен.
Свет
Песков: Крајот на специјалната воена операција во Украина ќе биде поблиску доколку пристигнува помалку оружје од Западот

Крајот на војната во Украина ќе зависи од количината западно оружје што ќе го добие Киев, изјави Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател, додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата во врска со снабдувањето на Украина со оружје и дека забележува одредени проблеми.
„Колку помалку ракети пристигнуваат во Украина од странство, толку е поблиску крајот на специјалната воена операција“, истакна Песков.
Претходно, како што објави „РИА новости“, порталот „Политико“ пишуваше за привременото запирање на испораките на муниција и оружје од САД за Украина поради исцрпувањето на американските резерви.
Заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, потврди за Ен-би-си дека имало прекин во испораките наведувајќи дека одлуката е донесена за да се заштитат интересите на Америка како приоритет.
Исто така, републиканскиот конгресмен и член на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом, Брајан Фицпатрик, побара итен брифинг од Белата куќа и од Пентагон во врска со прекинот на воените испораки на Киев.
Коментирајќи ги овие наводи, Песков изјави дека „се чини оти американската индустрија не успева да произведе доволен број ракети, особено затоа што големи количини беа испорачани во Израел и во Украина, а испораките сè уште се во тек“ додавајќи дека Русија внимателно ја следи ситуацијата, пренесува „Танјуг“.