Регион
(Видео) И денеска масовно собирање граѓани во Звечан, КФОР постави бодликава жица

И утрово се собраа граѓани пред општината Звечан. Постојано се зголемува нивниот број.
Исто така, голем е и бројот на припадници на КФОР, кои со опрема за разбивање демонстрации утрово беа распоредени во близина на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток. Припадниците на КФОР во населбата Звечан поставија жица по должината на целата улица.
Војници со штитови стојат и на крстосницата. За разлика од претходните денови, денеска граѓаните се пооддалечени од припадниците на КФОР.
Како што пренесуваат медиумите, на северот на Косово ноќта поминала мирно, а помала група граѓани останала пред зградата на Општината Лепосавиќ.
Со граѓаните утрово се и лидерите на Српската листа, Игор Симиќ, Горан Ракиќ, како и Александар Спириќ. Таму и денеска е лидерот на ГИ, српски Опстанак, Александар Арсениевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Косовска влада: Војската на Србија тргна од три правци кон Косово

Владата на Косово вечерва соопшти дека внимателно и будно ги следи последните случувања во врска со движењето на воените единици на вооружените сили на Србија во правец на линијата кон Косово.
Во соопштението се додава дека движењата на српската војска биле извршени од три различни правци.
„Единиците на Втората бригада на српските вооружени сили се движеа од правец на Рашка кон северната граница на нашата земја, единиците на Третата бригада на вооружените сили на Србија се движеа од подрачјето на Ниш кон североисточната граница на нашата земја, а единиците на четвртата бригада се движеа од подрачјето на Врање кон источната граница на Република Косово“, се наведува во соопштението на Владата на Косово.
Како што додаваат, воените единици на српските вооружени сили вчера ги распоредиле своите воени и жандармериски капацитети во 48 напредни оперативни бази, кои се наоѓаат долж линијата со Косово, на неколку километри длабоко во територијата на Србија.
Ова распоредување, како што се вели, вклучува и распоредување на противвоздушни системи и тешка артилерија.
„Многу пати изразивме загриженост за постоењето на овие 48 напредни бази на српската војска и жандармерија и го потенциравме веќе докажаниот факт дека овие бази служат како поддршка за можна воена агресија врз Косово. Владата на Косово е во постојан контакт со САД и земјите од ЕУ во врска со оваа сериозна закана од Србија, а реакцијата на САД на ваквиот агресивен пристап на Србија беше итна и директна“, посочуваат од косовската влада.
Тие го повикуваат претседателот Вучиќ и институциите на Србија веднаш да ги повлечат сите воени трупи од граничната линија со Косово и да затворат и демилитаризираат 28 напредни воени бази и 20 бази на жандармеријата кои претставуваат постојана закана.
Во соопштението се нагласува и дека институциите на Косово, во координација со меѓународните партнери, се „порешителни од кога било да го заштитат територијалниот интегритет, да го зачуваат суверенитетот, уставниот поредок, јавниот ред и животот на граѓаните“.
Регион
Вучиќ: Војската нема да влезе во Косово, ќе ги повлечеме силите од тој простор

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема намера да и нареди на армијата да ги премине административните премини со Косово и Метохија, додавајќи дека ќе ги повлече српските сили од тоа подрачје бидејќи, како што наведе, ескалацијата на конфликтот би била контрапродуктивна кога станува збор за желбата на Србија да стане членка на Европската унија.
„Зошто ова би било од корист за Белград? Која би била идејата? Да ја уништиме нашата позиција што ја градевме една година? Да ја уништиме за еден ден? Србија не сака војна“, рече Вучиќ во изјава за „Фајненшл тајмс“.
Тој додаде дека предупредувањата на Вашингтон се непропорционални бидејќи бројот на српските сили на теренот се намалува.
Регион
ЕУ повика на повлекување на српските трупи од косовската граница

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, изјави дека Европската унија е многу загрижена поради, како што рече, акумулацијата на српската војска на административната линија.
„Со партнерите и сојузниците разговараме за актуелната ситуација на северот на Косово, која пред се бара деескалација и стабилизација на безбедносната ситуација. За ова прашање сме во близок и редовен контакт со САД“, изјави Борел пред новинарите во Одеса.
Тој оцени дека минатонеделното заплена на оружје и опрема во Бањска е многу сериозна работа.
„Истовремено, акумулацијата на српската војска на административната линија е многу загрижувачка и неопходно е итно да престане. На европскиот континент нема место каде да се акумулира оружје и безбедносни сили. „Силите треба веднаш да се повлечат“, рече Борел.