Свет
(видео) Марин Ле Пен сподели видео од престрелка во Монпелје, го спореди со Багдад
Лидерката на францускиот популистички Национален митинг (РН), Марин Ле Пен, ги спореди сцените во мултикултурниот град Монпелје со Багдад откако спротивставени банди во неделата среде бел ден размениле оган, пренесува „Франс прес“.
Снимките што ги сподели Ле Пен на социјалните мрежи беа потврдени како автентични од локалната полиција која откри дека најмалку едно лице е повредено во престрелката. Се чини дека нема повредени меѓу случајните минувачи бидејќи градските улици се главно празни поради ограничувањата поврзани со пандемијата на Ковид-19.
Престрелките започначе околу 13 часот во неделата, кога приближно десетина мажи со качулки почнале да пукаат едни кон други пред кулата Тур д’Асас во населбата Мосон во градот, изјави полицискиот комесар.
Реагирајќи на пукањето, Ле Пен рече: „Овие воени сцени не се случуваат во Багдад, туку во Монпелје. Безбедносната состојба ќе остане надвор од контрола сè додека владата не ги разоружа предградијата и не ја прекине трговијата со луѓе “.
Ces scènes de guerre n’ont pas lieu à Bagdad, mais à #Montpellier. La situation sécuritaire restera hors contrôle tant que le gouvernement ne désarmera pas les banlieues et n’assèchera pas les trafics.
Assez des coups de menton sans lendemain : agissez. MLP pic.twitter.com/IlvSym50kT
— Marine Le Pen (@MLP_officiel) November 1, 2020
Таа додаде дека времето за груби зборови помина и дека владата мора да преземе нешто.
Пукањето се случи само еден ден откако беше убиен грчки православен свештеник во Лион и нешто повеќе од една недела откако градското собрание во Монпелје проектираше слика на карикатурата на „Шарли ебдо“ од исламскиот пророк Мухамед.
Во моментов не се верува дека последното пукање било поврзано со радикален исламски терор.
Насилствата на бандите се во пораст во Франција, придонесувајќи за драматично зголемување на убиствата и обидите за убиства во земјата. Во последните десет години до септември минатата година, убиствата и обидите за убиства се зголемија за неверојатни 79 отсто.
Фредерик Лагаш од полицискиот синдикат „Алијанс полис насионал“ во тоа време рече: „Насилството се шири. Полицијата веќе не е страшна. Денес за ништо, за обиечн поглед, се прибегнува кон насилство. Извлекувањето пиштол стана вообичаено “.
Монпелје беше жариште на насилството меѓу бандите. Во април полицијата уапси тројца мажи откако две ривалски банди се судрија во градот со мачети. Инспекторите соопштија дека борбата избила околу територијалните спорови околу продажбата на шверцувани цигари и хашиш.
Во јуни, во градот Дижон десетици чеченски гангстери ја нападнаа северноафриканската заедница, ооружени со ножеви, железни прачки и со огнено оружје, во очигледен напад за одмазда за наводен напад врз млад Чеченец. Најмалку шест лица беа повредени во нападот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

