Свет
(Видео) Мечка влезе во куќа во Калифорнија но се исплаши од домашните кучиња
Мечка влезе во куќа во Пасадена, Калифорнија и оваа авантура заврши многу стресно за неа.
Надзорните камери забележале дека мечката најпрво се освежувала во фонтаната во дворот од куќата, а потоа влегла во кујната.
Само што започна да истражува, кога се појавија две мали кучиња.
Тие започнале да лаат и да ја напаѓаат мечката а набргу успеале и да ја избркаат од куќата. Мечката исплашена и со трчање се вдаде во бегство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа
Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се случи по евентуалниот пад на иранскиот режим. Одговарајќи на прашање од европски дописник, Калас предупреди дека промената на владата не мора да гарантира подобра иднина за земјата.
„Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа“, рече таа.
Во врска со моменталната ситуација во Иран, Калас рече дека исходот е нејасен. „Во моментов е нејасно дали режимот ќе падне или не, јасно е дека протестите се масовни“, рече таа.
„Исто така е јасно дека режимот брутално ги потиснува и убива луѓето за да навистина всади страв во општеството“, додаде таа.
Свет
Трамп со порака до демонстрантите во Иран: Продолжете да протестирате, помошта доаѓа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги поддржа демонстрантите во Иран и ги повика да продолжат да протестираат.
Тој ги откажа средбите со иранските претставници и рече дека американската помош е на пат.
„Ирански патриоти, ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ПРОТЕСТИРАТЕ – ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ИНСТИТУЦИИ!!! Запишете ги имињата на убијците и насилниците. Тие ќе платат висока цена. Ги откажав сите средби со иранските претставници сè додека не престане бесмисленото убивање на демонстрантите. ПОМОШТА ДОАЃА. МИГА!!! ПРЕТСЕДАТЕЛ ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, објави тој на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
фото/Depositphotos
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа

