Свет
(Видео) Најпотресните снимки од Турција и Сирија: Се извлекуваат деца низ урнатините, луѓе очајни со лопати бараат преживеани

Ужас по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. На социјалните мрежи не престануваат да се шират емотивни снимки и фотографии од хоророт што им се случи на илјадници луѓе. Светот е на нозе, насекаде се собира хиуманитарна помош која им е најпотребна на тамошното население.
Emekleyerek yaşama uzandı… #Kahramanmaraş Göksun’da küçük Zehra enkaz altından böyle çıkarıldı. #deprem pic.twitter.com/hEPY3POSn5
— TRT HABER (@trthaber) February 6, 2023
На една од таквите снимки, може да се види дете како низ мал простор под урнатините лазејќи се обидува да излезе до спасувачките екипи.
This broke my heart. She’s just 9 and holding his brother like she’s so Mature in this worst condition. May Allah protect them Aameen. 💔😭#BreakingNews #UltimaHora #Earthquake #Terremoto #deprem #TURKIYE #Turquia #Turquie
#Turkey#turkeyearthquake2023#TurkeySyriaEarthquake pic.twitter.com/V6xT5NbFLY— Areesh अरीश اریش❤️❤️❤️ (@Areesh4727) February 7, 2023
Нагонот за спас и борбата за живот се чувствува и кај малите деца. Мало девојче од Сирија стиснато меѓу урнатините, во прегратка го држи својот брат, во обид да го заштити.
Ahmed, a displaced child, was rescued from the ruins of his home in the village of Qatma, north of #Aleppo, #Syria. The family’s house was destroyed by today’s devastating #earthquake. pic.twitter.com/Ec4pommcLc
— The White Helmets (@SyriaCivilDef) February 6, 2023
Од снимките може да се види состојбата во сирискиот град Алепо, каде граѓани со лопати и со друг алат се обидуваат да ги извлечат телата од под урнатините. Секоја минута е важна за спас на уште еден живот.
#Alepo, primero devastada por la guerra y ahora devastada por dos potentes #Terremotos con epicentro en #Turkiye, pero que estremeció zona noroccidental de #Siria. Hasta ahora 3.700 muertos y más de 3.200 edificios derribados en ambos países. pic.twitter.com/dYwMLPTJ0N
— Rolando Segura (@rolandoteleSUR) February 6, 2023
Викотници, плач и очај е сликата што може да се види насекаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.
„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.
Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.
Регион
Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.
По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.
Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.
Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.
Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.
Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.
Свет
ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.
Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.
Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.
Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.
Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.