Свет
(Видео) На авион му откажал моторот, пилотот спречил трагедија во Австралија
Драматично видео е снимено во Австралија, а го прикажува моментот кога на помал авион му откажал моторот, а пилотот со чудесен маневар ја избегнал трагедијата.
Инцидентот се случил во Нов Јужен Велс, додека авионот принудно слетал на аеродромот Бенкстаун.
„Помош, имаме проблем со моторот“, рекол пилотот преку радио.
„Примено, доаѓа помош. Сите писти ќе бидат достапни“, одговориле од контролната кула.
Хеликоптерот ја изгубил висината, и ги избегнал покривите на куќите, врвовите на дрвјата и зградата на аеродромот.
Пред да застане на тревата, лизгал неколку метри по асфалтот, пренесува „News.com.au“.
Аеродромските служби и итните служби брзо реагирале, а е снимен моментот кога пилотот и копилотот неповредени излегле од кабината.
Детална истрага за инцидентот ќе врши Дирекцијата за безбедност на цивилното воздухопловство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.