Uncategorized
(Видео) Новата година пристигна во Австралија, источна Русија, Јапонија, Кореја и во Кина
Луѓето во светот го слават влегувањето во новата 2022 година. Во некои земји, поради пандемијата на коронавирусот, прославите ќе бидат поскромни од претходно.
По Самоа, Тонга и Кирибати, Новата година ја дочека и на Нов Зеланд. Потоа 2022 година таа пристигна во Сиднеј со спектакуларен огномет.
Шест тони пиротехнички средства беа испукани во Сиднеј, а огнометот трепкаше повеќе од 10 минути. И покрај епидемиолошките мерки, десетици луѓе гледаа огномет во живо на улиците.
Воедно, славеа и во Канбера и Мелбурн, а потоа се радуваа во Јапонија и Кореја.
Претходно, жителите на островите Самоа, Тонга и Кирибати ја дочекаа 2022 година со огномет и петарди.
По овие острови, Австралија влезе во новата 2022 година исто така со огномет.
Во последен момент беа објавени и вести во Лондон. Иако беше најавено дека нема да има огномет поради пандемијата, се чини дека таа одлука е променета и дека Британците ќе уживаат во спектаклот на новогодишната ноќ.
Новата година се славеше и во Кина, Монголија, Малезија како и на Филипините.
Новата година во Индонезија и на Тајланд пристигнува во 18 часот, во 19 часот во Бангладеш, а во 20 часот по локално време во Пакистан.
Откако ја пречекаа жителите на Обединетите Арапски Емирати, Новата година полека се движи кон Источна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Најдено тело на четиригодишно дете кое паднало oд брод со мигранти
Крајбрежната стража на Грција вчеравечер уапси маж кој со брод се обидел да избега додека криумчарел мигранти, додека пак пред два дена, по дојава дека биле истоварени мигранти кај Икарија, властите пронашле тело на четиригодишно дете.
Патрола на крајбрежната стража го забележала бродот како се движи со голема брзина кон западниот брег на Хиос, по што започнала потера, а криумчарот отишол кон плажата Гларој каде ги „истоварил“ сите патници кои избегали.
Подоцна, Крајбрежната стража и локалната полиција подоцна пронајдоа 16 мажи, 11 жени и девет деца, по што биле однесени во прифатен центар на Хиос.
Uncategorized
Австралија воведува построги закони за оружје по масакрот во Сиднеј
Долниот дом на австралискиот парламент денес усвои закони со кои се воведува програма за откуп на оружје и построги контроли за лиценцирање како одговор на масовното пукање за време на еврејскиот празник Ханука кон крајот на минатата година.
Законите беа усвоени од Претставничкиот дом со 96 гласа „за“ и 45 „против“ и сега се испраќаат до Сенатот.
„Нападот на плажата Бонди, во кој загинаа 15 лица, беше дело на поединци со омраза во срцата и оружје во рацете“, рече министерот за внатрешни работи Тони Бурк додека ги претставуваше законите.
„Оваа трагедија бара одговор од целата влада. Мора да направиме сè што можеме за да се соочиме и со мотивацијата и со методот“, рече министерот.
Новите мерки вклучуваат национална програма за откуп за намалување на бројот на оружје кај населението. Покрај тоа, постојат планови за воведување построги проверки пред државите да издаваат дозволи за оружје, користејќи информации што ги поседува Австралиската безбедносно-разузнавачка агенција.
Според владини бројки, минатата година во Австралија имало 4,1 милион парчиња огнено оружје, од кои 1,1 милион во Нов Јужен Велс, најнаселената држава каде што се случи пукањето на Ханука.
Покрај тоа, Нов Јужен Велс донесе свој сет закони со кои се ограничува бројот на огнено оружје по лице на четири. Исклучок се земјоделците, кои се ограничени на десет. Понатаму, сопствениците на огнено оружје ќе мора да ги обноват своите дозволи по две години, наместо сегашните пет.
„Бројот на огнено оружје што моментално циркулира во австралиската заедница е неодржлив“, рече Бурк.
Опозицијата ја критикува владата
Поддршката не ја дадоа конзервативните пратеници од опозицијата, кои ја обвинија лабуристичката влада на премиерот Ентони Албанез дека не успеала соодветно да се справи со растечкиот антисемитизам.
Парламентот, на барање на премиерот, го прекина летниот одмор за да дебатира за законите. На дневен ред е и предлог со кој би се намалил прагот за гонење на говорот на омраза.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.

