Свет
(Видео) Одделна дебата: Бајден избегнуваше одговори, Трамп одби да ги осуди теориите на заговор
Американскиот претседател, Доналд Трамп, и неговиот противкандидат на претстојните претседателски избори, Џо Бајден, ја одржаа втората дебата во малку изменет формат, а она што се забележа беше различниот пристап на двајцата кандидати.
Бајден го критикува паничниот одговор на претседателот Трамп на пандемијата на коронавирус во новата дебата, а тој го бранеше своето лидерство за време на здравствената криза во која починаа 216.000 Американци
Дебатата не се одржа во студио, но и Бајден и Трамп одговараа на прашања од гледачите на разни телевизии бидејќи Трамп неодамна беше позитивен на коронавирусот.
Трамп беше гостин на телевизијата Ен-би-си во Мајами, а како што јавува таа телевизија, тој одговараше на прашањата што досега ги избегнуваше за коронавирусот и финансиите на понекогаш груб начин.
Од друга страна, Бајден беше гостин на телевизијата Еј-би-си во Филаделфија и даваше долги одговори обидувајќи се да избегне одговарање на прашања за „амбалажата“ на Врховниот суд и изразувајќи жалење затоа што го поддржуваше кривичниот закон од 1994 година.
За време на дебатата, Трамп одби да го осуди движењето QAnon, кое заговара теории на заговор за коронавирусот изјавувајќи дека тој не знае речиси ништо за тоа движење, односно дека знае само дека тие се против педофилијата.
Според „Ен-би-си њуз“, Трамп повремено бил борбен за време на дебатата и се додава дека тој мирно одговарал на прашања и многу малку го напаѓал Бајден.
Противникот на Трамп, како гостин на телевизијата Еј-би-си, давал долги одговори, најмногу за политиката.
Веќе на првото прашање, кое се однесувало на коронавирусот, Бајден го критикувал пристапот на администрацијата на Трамп да се бори против пандемијата и го обвинил републиканскиот претседател дека прикрива колку е смртоносен вирусот.
Тој исто така зборуваше за економскиот план и какви промени ќе направи, пред сè, во американските институции, од кривичното право до образованието.
На прашањето дали сè уште смета оти е добро што го поддржуваше кривичниот закон од 1994 година, тој рече дека не е во право и дека сепак верува оти поголема полиција на улиците значи помалку криминал.
Гледачите во студијата беа далеку едни од други, тие носеа маски, а пред да влезат им била мерена температурата.
Последната дебата на двајцата претседателски кандидати е закажана за 22 октомври во Нешвил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

