Свет
(Видео) Обединетите нации почнуваат истрага за принцезата Латифа, Лондон бара доказ дека е жива
Обединетите нации ќе почнат истрага за принцезата Латифа, ќерка на владетелот на Дубаи, која го обвини татка си дека ја држи во заложништво од 2018 година кога се обиде да избега од Обединетите Арапски Емирати.
Канцеларијата на Високиот комесаријат на ООН за човекови права предлага Обединетите Арапски Емирати да бидат истражени за притворот и условите во кои живее принцезата.
Princess Latifa Al Maktoum, daughter of Dubai’s ruler sent secret video messages in 2018 to friends accusing her father of holding her “hostage”. She says she was drugged by commandos.
The messages have stopped.
Footage obtained by @BBCPanorama pic.twitter.com/2m5sIK26Lh
— Megha Mohan (@meghamohan) February 16, 2021
Британското Министерство за надворешни работи изјави дека станува збор за загрижувачки случај и побара доказ дека Латифа е жива.
„Со оглед на тоа што го видовме, луѓето би сакале да видат дека е жива и здрава“, рече британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб.
Тој изјави дека Велика Британија не избегнува одговорност во вакви чувствителни случаи и кога се загрозени човековите права.
„Не е едноставно да се каже дека можеме да воведеме санкции. Постои многу строг законски праг“, рече Раб, пренесува „Ројтерс“.
Триесет и петгодишната Шеика Латифа во видеоснимката емитувана на телевизијата Би-би-си изјави: „Јас сум заложник, а оваа вила е претворена во затвор“.
Шеика Латифа рече дека видеото го снимила во бањата бидејќи тоа е единствената просторија каде што може да се заклучи и дека сите прозорци на зградата се блокирани, па затоа не може да ги отвори.
Таткото на Латифа, шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактум, е еден од најбогатите шефови на држави во светот, владетел на Дубаи и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Принцезата не се согласува со кралското семејство и повеќепати ја повикуваше јавноста да иницира демократски реформи и да се залага за поголеми права на жените.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.