Свет
(Видео) Пожар „голташе“ кула од 67 ката во Дубаи, евакуирани 4.000 станари

Голем пожар што избувна во станбена кула со 67 ката во Дубаи Марина доцна во петокот навечер, a беше целосно локализиран од страна на екипите на Цивилната одбрана на Дубаи во раните утрински часови во саботата.
Инцидентот предизвика брз и координиран итен одговор, што резултираше со евакуација на сите 3.820 жители од 764 станови во зградата, без пријавени повредени.
Пожарот започна доцна во петокот на горните катови на кулата „Тигар“, позната и како Марина Пинакл, и на крајот се прошири на неколку нивоа од облакодерот.
😱Dubai skyscraper engulfed in massive fire — nearly 4,000 people evacuated from the building
Fortunately, there were no casualties. Rescue teams responded quickly and assure that the residents of the complex are now safe. pic.twitter.com/eBX4KZ7I7L
— NEXTA (@nexta_tv) June 14, 2025
Цивилната одбрана на Дубаи распореди специјализирани екипи на местото на настанот, кои работеа преку ноќ за да го стават пожарот под контрола.
Според Канцеларијата за медиуми на Дубаи, екипите за итни случаи го ставија приоритет на здравјето и безбедноста на жителите во текот на целата операција, спроведувајќи целосна евакуација како превентивна мерка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Русија и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната

Русија денеска и предаде на Украина уште 1.200 тела на украински војници убиени во војната, објавија руските новински агенции ТАСС и РИА.
Ова е четврто во серијата предавања на останки на загинати војници во изминатата недела, во согласност со договорот постигнат меѓу Русија и Украина на разговорите во Истанбул претходно овој месец.
За време на разговорите во Истанбул на почетокот на јуни, Киев и Москва се согласија да предадат по 6.000 тела и да разменат болни и тешко ранети воени заробеници и лица под 25 години.
Русија вели дека досега ѝ предала на Украина тела на речиси 5.000 украински војници, но за возврат добила само 27 тела на убиени руски војници.
Украина и Русија досега извршија и три размени на воени заробеници, но не го објавија нивниот точен број.
Свет
Москва нападна рафинерија за гориво на украинската армија

Руските вооружени сили ноќеска ја нападнале нафтената рафинерија во украинскиот град Кременчук, која, според Москва, снабдува гориво за украинските сили во Донбас.
Според соопштението од руското Министерство за одбрана нападот бил изведен со ракети и дронови, и бил успешен.
Москва тврди дека нејзините сили презеле контрола врз селото Малиновка и навлегле длабоко во Сумската област, каде, како што велат, украинската армија претрпела сериозни загуби. Сепак, Русија досега официјално нема барања за анексија на Сумската област, иако наведува дека таму би воспоставила безбедносна зона.
Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера соопшти дека украинската армија повторно ја презела контролата врз селото Андреевка во североисточниот дел на Сумската област.
Свет
Се нуди награда од 50.000 долари за осомничен за двојно убиство во Минесота

Американските власти во Минесота и натаму трагаат по 57-годишниот Венс Лутер Бетлер, осомничен за убиство на демократската пратеничка Мелиса Хортман и нејзиниот сопруг, како и за ранување на сенаторот Џон Хофман и неговата сопруга.
Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
– Не знаеме дали има соучесници, можно е да бил со други лица. Сакам да ги сослушаме сите што можеби биле во контакт со него, изјави полицискиот претставник Дру Еванс.
ФБИ објави фотографија од Бетлер како стои пред домот на еден пратеник маскиран како полицаец, и понуди награда од 50.000 долари за информации што ќе доведат до негово апсење и осуда.
Бетлер живее во округот Сибли, близу градот Грин Ајл, и работи како директор за безбедносни патроли во приватна фирма. Во минатото бил генерален менаџер во синџир продавници и фабрика за храна.
Во 2016 година бил назначен од тогашниот гувернер Марк Дејтон за претставник од приватниот сектор во Советот за развој на работната сила, организиран од гувернерот. Во истиот совет членувал и сенаторот Хофман, жртвата на нападот.
Засега не е јасно дали Бетлер и Хофман имале лична поврзаност.
Американските власти нападите ги опишаа како „чинови на политичко насилство“.