Европа
(ВИДЕО) По пеколните горештини, Франција ја зафати невреме
Поради силното невреме што го зафати западниот дел на Франција по високите температури, 1 500 патници останаа на железничките станици во Нормандија, соопшти националната железничка станица СНЦФ.
– Невремето го наруши сообраќајот на линијата Париз-Кан-Шарборн, 700 патници беа блокирани во Лизие, 500 во Евре и 300 во Кан – додаде СНЦФ за „Франс прес“. Електричните линии беа оштетени, што предизвика прекин во напојувањето на возовите.
Десетина возови останаа заглавени во Кан, Лизие и парискиот Сент Лазар во вторникот поради дрвјата што беа паднати поради бура, според СНЦФ.
Les orages succèdent à la canicule, perturbant le trafic des trains en Normandie https://t.co/kNYVNZLLK9 #AFP pic.twitter.com/0NQKZlte4y
— Agence France-Presse (@afpfr) August 8, 2018
Горeштините престанаа во Франција во вторникот, а високите температури сè уште се присутни во некои делови на истокот и во делот на парискиот басен.
Во вечерните часови се очекува бура и опаѓање на температурите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Пожар зафати хотел во ски-центар во Турција, најмалку шест мртви
Во пожар во хотел во ски-центар во северозападна Турција загинаа шест лица, а 31 беа повредени, јави државната телевизија ТРТ.
Пожарот избувна на четвртиот кат од хотел со 11 ката во ски-центарот Карталкаја во Болу рано наутро во вторникот, а пожарникарите се уште работат на гаснење, изјави за ТРТ гувернерот на Болу, Абдулазиз Ајдин.
#BREAKING At least 234 guests at Grand Kartal Hotel in Kartalkaya in Bolu, Turkey where fire broke out, governor says. At least 10 dead, 32 injured. #Bolu #Kartalkaya #Turkiye #Fire pic.twitter.com/DIZWM1u8EB
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) January 21, 2025
Тој рече дека причината за пожарот не е позната, но дека властите ќе истражат, додавајќи дека пожарот започнал на подот од ресторанот. Во хотелот имало 234 гости, додаде гувернерот.
Европа
Папата го критикува планот на Трамп: „Срамота“
Папата Франциско ја критикува најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе почне построго спроведување на антиимиграциските мерки, вклучително и депортации, по преземањето на функцијата.
Во интервју за италијанската телевизија „Канал 9“, папата рече дека би било срамота доколку Трамп продолжи со најавениот план, објави „Ројтерс“ во понеделникот додавајќи дека користењето остри зборови е невообичаен начин на комуникација за поглаварот на Католичката црква.
Франциско, духовниот водач на 1,4 милијарда католици, обично внимателно ги избира зборовите кога зборува за политички прашања.
Тој смета дека со овој план „мигрантите, кои немаат ништо, ќе ја платат неплатената сметка“.
„Тоа не функционира. Така не го решавате проблемот“, рече папата.
Европа
Се судрија два брода на реката Елба, 11 повредени
Единаесет лица се повредени кога транспортен брод се судри со траект на реката Елба во северниот германски пристаништен град Хамбург, соопштија денеска пожарникарите.
Едно лице добило повреди опасни за животот, изјави портпаролот во близина на местото на несреќата. Бродовите се судрија рано утрото во близина на мостот „Колбранд“ во југозападниот дел на Хамбург.
Причините за несреќата сè уште не се познати.