Свет
(Видео) Пукање во Лондон: има повредени, меѓу нив и дете
Тројца возрасни и едно дете, кое е во тешка состојба, се ранети во пукотница што синоќа се случила во близина на ресторан во североисточниот дел на Лондон.
Би-би-си јавува дека полицијата примила повик од улицата Кингсленд во Далстон околу 21.20 часот откога таму биле испукани истрели.
"New normal" scenes in "Modern London" tonight as 4 people were shot in Hackney including a child, who is a critical condition in the shooting outside a restaurant at 21:20hrs. pic.twitter.com/O3qfUHr4Fp
— Tommy Robinson 🇬🇧 (@TRobinsonNewEra) May 30, 2024
„На местото на пукањето дојдоа полицајци, меѓу кои и специјалисти за огнено оружје, како и лондонската брза помош“, соопштија од полицијата на британската престолнина.
Се вели дека четири лица добиле прострелни рани и се пренесени во болница во источен Лондон.
Во полициското соопштение пишува дека детето сѐ уште е во тешка состојба, а се очекуваат дополнителни детали за состојбата на другите жртви во престрелката.
Се наведува дека засега никој не е уапсен и дека сѐ уште се утврдуваат околностите на инцидентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.