Свет
(Видео) Пукање кај руската Федерална служба во Москва, најмалку тројца загинати

Најмалку тројца луѓе загинаа во престрелка што се случи вечерва во центарот на Москва, во близина на зградата на Федералната служба за безбедност, јави „Раша тудеј“.
Еден службеник од ФСБ е убиен за време на пукањето, потврди портпаролот на ФСБ. Руските медиуми пренесуваат дека петмина се повредени, меѓу кои двајца службеници.
Според првичните извештаи, убиен е човек што пукал кон зградата на ФСБ и бил вооружен со автоматска пушка. Засега не е познато што точно се случило.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски по оставката на Борис Џонсон: Тој беше вистински пријател на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е убеден дека британската политика кон Украина нема да се промени во блиска иднина и покрај оставката на Борис Џонсон.
Џонсон беше „вистински пријател на Украина“, рече Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен, додавајќи дека Украина доби многу од таквиот однос со него, мислејќи првенствено на воената поддршка.
Зеленски изрази надеж дека директно ќе разговара со Џонсон за да дознае повеќе детали за неговата оставка, пренесува Си-Ен-Ен.
Свет
(Видео) Борис Џонсон поднесе оставка

Премиерот Борис Џонсон ѝ се обрати на британската јавност и ја разреши дилемата дали поднесува оставка или не.
Пред Даунинг стрит 10 има бројни медиумски тимови, а речиси сите светски медиуми го пренесуваат неговото кратко обраќање.
На почетокот на своето обраќање Џонсон им се заблагодари на сите што го поддржаа, велејќи дека негова должност е лично да му го предаде мандатот на новиот премиер, но дури откако ќе биде избран нов лидер на конзервативците.
Тој исто така рече дека е горд на сите тешки проблеми со кои се соочила неговата влада и дека признал дека имало многу грешки.
„Ја напуштам функцијата лидер на конзервативците и премиерската функција“, рече тој и додаде дека новиот премиер ќе мора да почека до изборот на новиот лидер на Конзервативната партија, кој е назначен за премиер според британските правила.
Тој рече и дека е тажен што мора да ја напушти оваа „најшарена работа“, како и дека „многу е болно што нема да го заврши целиот свој мандат“.
Во минутите пред да ѝ се обрати на јавноста, британскиот премиер во заминување се обиде набрзина да состави нов кабинет, по драматичните оставки, од кои 59 за само 24 часа.
Свет
Пекинг воведе задолжителна вакцинација против ковид – кој сака во град мора да се вакцинира

Пекинг ја направи вакцинацијата против Ковид-19 задолжителна за жителите доколку сакаат пристап до многу јавни места.
Со ова, Пекинг стана првиот град во Кина што го сторил тоа во обид да го спречи ширењето на заразниот вид омикрон.
Од 11 јули луѓето кои сакаат да влезат во одредени јавни установи ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот, освен ако не можат да ја примат вакцината од здравствени причини, соопшти градската управа, пренесува Си-ен-ен.
Вакцинацијата е побарана на ниво на цела Кина за работниците на високоризични позиции, како што се оние во јавниот транспорт и индустријата за ладен синџир, но не е воведена општа задолжителна вакцинација за сите жители.
До 17 април, 80,6 отсто од луѓето на возраст над 60 години ја примија вакцината против коронавирусот во кинескиот главен град.
Кинеските власти ги засилија напорите да ги зголемат стапките на вакцинација, особено кај постарата популација, бидејќи омикронот оваа година предизвика епидемии едно по друго.
Во Пекинг, од жителите веќе се бара да покажат доказ за негативен тест за Ковид-19 во рок од 72 часа за да влезат на сите јавни места.
Условот за вакцинација доаѓа откако Пекинг пријави три случаи на БА.5.2 под-варијантата омикрон сој, кој е високо пренослив и способен да избегнува антитела, пренесува Си-ен-ен.