Европа
(Видео) Силен земјотрес во Турција, стотици загинати, голем број повредени, уништени градови

Земјотрес со јачина од 7,8 степени по Рихтер рано утринава ја погоди јужна Турција и според првичните податоци тој е почувствуван во голем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија.
Официјалниот број на загинати, според последните информации, во Турција и во Сирија сега е повеќе од 300, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.
Deprem hemen sonra AFAD’dayız.
#İstanbul‘dan #deprem bölgesine İLK ETAPTA 80 AFAD görevlisi, 27 akredite belediye ve STK, 968 Arama Kurtarma gönüllüsü, 4 K9 köpeği, 2 TIR ve yardım malzemesi yola çıktı.Başımız sağ olsun.
Yaralılarımıza acil şifalar diliyorum.#Kahramanmaraş pic.twitter.com/ub2dGjpNub— Ali Yerlikaya (@AliYerlikaya) February 6, 2023
Според Американскиот сеизмолошки институт USGS, катастрофалниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер се случил во 4.17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Се стравува дека бројот на жртви може да биде многу поголем бидејќи за време на земјотресот повеќето луѓе спиеле.
Rescue teams pulling children from the under the rubble of #collapsed buildings in northwestern #Syria
At least 50 people killed, 500+ injured, 140+ buildings destroyed in southern Malatya province as 7.8 #earthquake hits #Türkiye.#deprem #DepremiOldu #Turkey pic.twitter.com/vKnEnG3N2k
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 6, 2023
Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоистокот на земјата.
Death toll update- Turkey-Syria quake rises to 203, nearly 1090+ injured
Daylight reveals massive destruction in Kahramanmaraş, Turkey#deprem #Idlib #Syria #EarthquakePH #DEPREMOLDU #Turkeypic.twitter.com/hH5ToOeEQj
— Chaudhary Parvez (@ChaudharyParvez) February 6, 2023
Најмалку 18 последователни потреси со магнитуда поголема од 4 степени се регистрирани по силниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција, соопшти Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS). УСГС објави дека забележал седум земјотреси со јачина над 5 степени.
Најсилниот последователен потрес до сега се случил само 11 минути по првиот земјотрес и бил со јачина од 6,7 степени, соопшти USGS. Експертите велат дека силните последователни потреси, најверојатно, ќе продолжат со часови или дури и денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Хаос во Франција: Демонстрантите палат контејнери, фрлаат камења по полицијата, а тие им возвратија со солзавец

Групи маскирани демонстранти денеска протестираа против францускиот претседател Емануел Макрон и непопуларната пензиска реформа, палејќи корпи за отпадоци и фрлајќи камења врз полицијата во Париз, која одговори со солзавец.
Како што јави Ројтерс, судири меѓу демонстрантите и полицијата имало и на улиците на Рен, Бордо и Тулуз, додека во Нант биле запалени филијали на банки и автомобили.
Претходно денеска, француската влада го отфрли новото барање на синдикатите за суспендирање и преиспитување на нацрт-законот за пензија со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање за две години од 62 на 64 години, што ги налути синдикалните лидери и работниците, кои рекоа дека владата мора да најде излез од криза.
Владата најави дека е „повеќе од подготвена“ да разговара со синдикатите, но за други теми и повтори дека нема да го менува ставот за пензиската реформа.
Милиони луѓе во Франција демонстрираа и штрајкуваат од средината на јануари за да се спротивстават на законот, а протестите се интензивираа откако владата употреби специјална моќ да го протурка законот во парламентот без гласање на пратениците.
Минатата недела во Париз, членовите на анархистичкиот „Црн блок“ кршеа излози, демолираа автобуски станици и ограбија ресторан на Мекдоналдс, а според Ројтерс, атмосферата на улиците потсетувала на немирите видени на протестите на „Жолтите елеци“ за време на Првиот мандат на Макрон,пренесе Телеграф.рс.
Европа
Шкотска го доби првиот премиер муслиман

Поддржувачот на независноста Хумза Јусаф денеска беше официјално потврден за премиер на Шкотска во локалниот парламент, со што стана првиот нејзин лидер кој е муслиман и доаѓа од имиграциско потекло.
Хумза Јусаф (37) денеска беше избран за претседател на Шкотската национална партија (СНП) што се залага за независност на партиските избори по ненадејната оставка минатиот месец на Никола Старџен, која ја извршуваше оваа функција осум години.
Хумза Јусаф, чии баба и дедо емигрирале во Глазгов од Пакистан пред 60 години, утре официјално ќе ја преземе функцијата и ќе положи заклетва во Врховниот суд на Шкотска.
„Ова е горд ден за мене и моето семејство, се надевам дека е горд ден и за Шкотска, бидејќи кажува многу за нашите вредности“, рече Јусаф веднаш по гласањето.
Хумза Јусаф ја презема власта во време кога се чини дека борбата за независност е во ќорсокак, оживувајќи ги поделбите во СНП и поттикнувајќи ги апетитите на конзервативците, на власт во Лондон, и на лабуристичката опозиција,пренесе Индекс.хр.
Европа
Принцот Хари повторно удри по кралското семејство: Криеја од мене дека телефон ми е хакиран

Принцот Хари за време на судењето изјави дека британското кралско семејство криело од него дека телефонот му бил хакиран бидејќи не сакале тој да поднесе обвинение.
Во изјавата за неговата тужба против Дејли Мејл, војводата од Сасекс рече дека бил принуден да се согласи со правилото наметнато од неговото семејство, кое било „никогаш да не се жали и никогаш да не објаснува“ во врска со односите со печатот.
“Во 2018 година станав свесен дека можам да поднесам тужба. Институцијата на кралското семејство криеше од мене информации за хакирањето на мојот телефон, а тоа ми стана јасно дури последниве години”, рекол принцот Хари, пренесува Скај Њуз.
Тој исто така рече дека сите членови на кралското семејство никогаш не разговарале заедно дали некој поднел обвинение.
„Секоја канцеларија во семејството е изолирана. Постои заблуда дека сите ние постојано комуницираме меѓу себе, но тоа не е точно“, рече тој,пренесе Телеграф.рс.