Свет
(Видео) Силна експлозија во Илиноис, населението се евакуира
Силна експлозија се случи денеска во индустриската зона Илиноис, а во тек е итна евакуација на локалното население.
Властите во Илиноис издадоа наредба за итна евакуација на луѓето кои живеат во близина на местото на експлозијата, што се случи по пожарот во индустриската зона.
Неколку противпожарни единици се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот во фабриката за хемикалии. Медиумите објавија дека причината за експлозијата сè уште не е позната, а нема информации за повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Илјадници летови откажани поради ескалацијата на Блискиот Исток
Илјадници летови беа откажани викендов на Блискиот Исток и во Заливот откако повеќе држави го затворија својот воздушен простор по нападите на САД и Израел врз Иран.
Бахреин, Иран, Ирак, Израел, Јордан, Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати најавија целосно или делумно затворање на небото, што доведе до масовни откажувања и пренасочувања на летови и десетици илјади заглавени патници.
Според аналитичката компанија „Цириум“, во саботата биле откажани 966 од 4.218 планирани летови (22,9%), а во неделата уште 716. Платформата „ФлајтАвејр“ објави дека глобално биле одложени повеќе од 19.000 летови и откажани над 2.600.
Клучните аеродроми во Дубаи, Абу Даби и Доха привремено ги прекинаа операциите. Емиратес ги стопираше летовите од и кон Дубаи, додека „Катар ервејс“ чека одлука од властите за повторно отворање на воздушниот простор.
Иран изведе напади врз Израел и заливските држави во кои има американски бази. Пријавени се инциденти и на аеродроми во ОАЕ и Кувајт, со информации за повредени и загинати лица.
Бројни светски авиокомпании – меѓу нив „Виз ер“, „Туркиш ерлајнс“, „Ер Франс“, „Бритиш ервејс“, „Луфтханза“, „Финаир“ и други – ги суспендираа летовите кон повеќе дестинации во регионот.
Експертите предупредуваат дека нарушувањата може да продолжат, што ќе значи дополнителни доцнења, повисоки трошоци и можно поскапување на билетите. Патниците се повикани редовно да го проверуваат статусот на летот пред да заминат на аеродром.
Фото: flightradar24
Свет
Велика Британија тврди дека Иран истрелал две ракети кон Кипар, прв ракетен напад врз Европа
Британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека две ирански ракети биле истрелани кон Кипар, во она што би претставувало прв ирански ракетен напад врз Европа.
– Прилично сме сигурни дека тие не беа насочени кон нашите бази – рече Хили во интервју за Скај Њуз.
Велика Британија има две големи суверени базни подрачја на Кипар.
Истовремено, „тоа е пример за многу реална, растечка закана“, нагласи тој.
Хили, исто така, откри дека 300 британски војници биле во близина на иранските напади во Бахреин.
– Некои од нив на само неколку стотини јарди од местото каде што паднаа ракетите – рече тој.
Свет
Нафтен танкер нападнат во близина на брегот на Оман
Оманскиот центар за поморска безбедност соопшти дека нафтениот танкер „Skylight“, кој плови под знамето на Палау, бил нападнат на околу пет наутички милји од оманскиот полуостров Мусандам.
Четири лица се ранети, а целиот екипаж од 20 лица е евакуиран, јавија локалните медиуми.
Засега нема други информации.
Оманските државни медиуми претходно јавија дека пристаниште Дукм било нападнато со два дрона, при што бил повреден еден работник. Тоа беше првиот таков напад врз заливската земја од избувнувањето на воените непријателства меѓу Израел, САД и Иран, пренесе ДПА.
Оман го осуди нападот и нагласи дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ја заштити земјата и безбедноста на нејзините жители.
Оман дејствуваше како посредник во индиректните преговори одржани на почетокот на неделава меѓу САД и Иран.
Оман е членка на Советот за соработка во Заливот, предводен од Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт, кои се членки на оваа групација сојузничка на САД, пријавија ирански напади на нивните територии откако САД и Израел вчера почнаа воена кампања против Иран.

