Свет
(Видео) Снег ги покри Алпите во август

На страницата X – Earth42morrow – е објавено видео на кое се гледа како во август паѓа снег на Алпите во Франција.
Се ближи крајот на август, а на Алпите во Франција паѓа снег, покажува видеото.
French Alps receives fresh August snowfall.
Snow blankets Val Thorens #FranceVC: @Val_Tho#Snow #Alps #Tarentaise #Savoie #Climate #Storm #Weather #Viral #LesTrois #Neige #Tempete pic.twitter.com/kOHcC2fOEL
— Earth42morrow (@Earth42morrow) August 28, 2023
Снежната покривка ги изненади и љубителите на скијањето, па еден од коментарите гласеше:
„Скијачката сезона може да почне, климатските промени се тука“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада

Пожар попладнево избувна во шумската област Агиос Никитас на Лефкада, јавија грчките медиуми. Пожарот избувнал во близина на плажата Катисма.
Според Противпожарната служба, за инцидентот биле известени во 16 часот и 40 минути и засега нема извештаи за непосредна опасност по околните домови.
Нешто пред 18 часот жителите преку 112 биле предупредени да бидат подготвени, а вторпат да се евакуираат.
Свет
Трамп вели дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствената личност во светот што може да стави крај на војната во Украина, додавајќи дека напорите да се спречи ескалацијата на конфликтот се „донекаде под контрола“.
Мислам дека нема никој на светот кој може да го запре рускиот претседател Владимир Путин, освен мене – рече Трамп доцна синоќа во интервју за „Ауткик“.
„И мислам дека ќе можам да го запрам“, додаде тој.
Имавме многу рационални дискусии и само сакам да видам дека луѓето престануваат да се убиваат, рече Трамп.
Свет
Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели

Папата Франциско денеска беше отпуштен од римската болница Гемели по повеќе од пет недели престој, јави ДПА. Папата денеска го имаше своето прво појавување во јавноста по пет недели, мавтајќи од балконот на болницата пред да ја напушти установата.
На 14 февруари, 88-годишниот понтиф беше примен во болница со тешка респираторна инфекција. Од неговата хоспитализација, Ватикан објави само една фотографија од папата – и тоа само одзади, пред олтарот во капелата на десеттиот кат од клиниката.
Неизвесно е дали тој ќе може да учествува на прославата на Велигден следниот месец.