Свет
(Видео) Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Москва, уапсени десетици луѓе
Десетици демонстранти кои се спротивставуваат на уставните реформи и можноста претседателот Владимир Путин да ја води земјата уште 16 години, беа уапсени за време на протестите во Москва, пренесе „Ројтерс“.
Околу 500 демонстранти опкружени со полицијата, главно носејќи заштитни маски, излегоа на улиците со транспаренти против уставните реформи, барајќи од Путин да си даде оставка.
#Russia-n police arrested more than 140 people including a prominent #Moscow politician and her daughter yesterday during protests over constitutional reforms which will allow #Putin to stay in power until 2036. https://t.co/wFgLgURHJM pic.twitter.com/Z90axbmU5k
— Atlantide (@Atlantide4world) July 16, 2020
На референдумот одржан овој месец се изгласа усвојување на уставните реформи што ќе му овозможат на Путин да се кандидира за претседател во уште два мандати во вкупно траење од 16 години.
Опозициските активисти тврдат дека гласањето било нелегитимно и дека е време Путин да си даде оставка затоа што тој е на власт како премиер или претседател повеќе од две децении.
Во текот на минатата недела полицијата уапси двајца активисти вклучени во кампањата против уставните реформи, а исто така, непосредно пред закажаниот протест, беа претресени становите на уште пет лица.
Во главниот град на Русија масовните собири во моментот се забранети поради епидемиолошки мерки, но дури и во нормални околности, неопходно е претходно одобрување од власта за да се одржи протест.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Војник облечен како Дедо Мраз со руско знаме на снимка од Мирнохрад – спротивставени тврдења за контролата на градот
Украинските и руските сили објавуваат спротивставени тврдења за контролата врз Мирнохрад, град на првата линија на фронтот североисточно од Покровск. Додека Киев тврди дека ги држи клучните позиции, Москва шири видеа на кои се гледаат руски војници како креваат знамиња во уништени делови од градот, пренесува „Киев Индепендент“.
Украинската армија соопшти дека и понатаму контролира важни точки во Мирнохрад и оцени дека руските видеа се дел од пропагандни акции наменети за домашната публика. Како доказ беа објавени снимки од борбени операции во областа.
Од друга страна, руските државни медиуми и онлајн канали објавуваат видеа на кои наводно се гледаат руски војници како поставуваат знамиња, меѓу кои и снимка со војник облечен како Дедо Мраз. Украинската страна признава дека имало изолирани случаи на тајна инфилтрација на руски групи во централните делови на градот.
🇺🇦🇷🇺 Russian Santa Claus took Myrnohrad and waves the Russian flag pic.twitter.com/OhWQRWcXE1
— Lord Bebo (@MyLordBebo) December 27, 2025
Мирнохрад е сателитски град на Покровск, стратешки важен пункт во Донецката област, каде со месеци траат жестоки борби. Украинскиот Генералштаб ги отфрли руските тврдења за целосна окупација, оценувајќи ги како дел од дезинформациска кампања.
Свет
Имав продуктивен разговор со Путин, рече Трамп пред состанокот со Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека имал добар и многу продуктивен телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.
Соопштението доаѓа пред средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, која е закажана да се одржи подоцна денес во резиденцијата на Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида.
Портпаролот на рускиот лидер, Дмитриј Песков, ја потврди оваа информација за државните новински агенции, но без да даде дополнителни детали.
Фото: Depositphotos
Свет
Трамп: ОН не направи ништо за да помогне со катастрофата во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес на својата социјална мрежа „Тру соушал“ објави дека им честита на лидерите на Тајланд и Камбоџа за постигнатото примирје, кога двете земји се согласија во саботата да ги прекинат неколкудневните гранични конфликти.
Во соопштението, Трамп остро ги критикуваше Обединетите нации, наведувајќи дека организацијата „многу малку помогнала“ во решавањето на глобалните конфликти, додека особено ја истакна „катастрофата што моментално се случува меѓу Русија и Украина“.
„Обединетите нации мора да почнат да стануваат активни и вклучени во светскиот мир!“, рече Трамп.
Се очекува Трамп подоцна денес во својот дом во Мар-а-Лаго да разговара за рамката за мировен договор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

