Европа
(Видео) Терористички напад за време на посетата на Блинкен: Убиени двајца полицајци во Израел

Двајца арапски напаѓачи синоќа убиле двајца полицајци на улица во Израел и биле застрелани, додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен и тројца арапски министри за надворешни работи ја посетија земјата на самитот, јавува „Ројтерс“.
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот беше објавено во соопштение на нивниот профил на „Телеграм“.
פיגוע ירי כזה (!) בלב חדרה.
"הגדה המערבית" זה כאן…
כשהממשלה, שמחוייבת לתנועה האיסלאמית, לא מיצתה בכלל את הדין עם פורעי רמדאן תשפ"א, והכנותיה לרמדאן תשפ"ב כוללות בעיקר ליקוקים לאבו מאזן ולערביי ישראל
– לצערי זה יותר מצפוי. pic.twitter.com/krGt7R7xhz— אורית סטרוק (@oritstrock) March 27, 2022
Двајцата напаѓачи во Хадера, град на 50-ина километри северно од Тел Авив, биле арапски државјани на Израел и симпатизери на групата, соопштија израелските безбедносни претставници.
We condemn today’s terrorist attack in Hadera, Israel. Such senseless acts of violence and murder have no place in society. We stand with our Israeli partners and send our condolences to the families of the victims.
— Secretary Antony Blinken (@SecBlinken) March 27, 2022
„Го осудуваме денешниот терористички напад во Хадера, Израел. Во општеството нема место за вакви бесмислени акти на насилство и убиства. Стоиме покрај нашите израелски партнери и им изразуваме сочувство на семејствата на жртвите“, напиша американскиот државен секретар Ентони Блинкен, на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.