Свет
(Видео) Тројца убиени и 110 уапсени во немирите во Индија
Наводно навредлива објава на „Фејсбук“ доведе до насилство на улиците на Бенгалуру, Индија, при што полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Три лица загинаа во судирите и беше наметнат полициски час, пренесува РТ.
Хаосот беше предизвикан од провокативна објава на социјалните мрежи за пророкот Мухамед, споделена од роднина на локален пратеник, пренесуваат индиските медиуми. Демонстрантите во вторникот вечерта го опколија домот на пратеникот и му ги запалија автомобилите.
Chaos in KG Halli Police Station limits #Bengaluru. Members of a community allegedly pelt stones, burn vehicles and attack police over a derogatory post by a close relative of Pulakeshinagar MLA Akhanda Srinivasa Murthy. pic.twitter.com/u3M6Thx17g
— Nolan Pinto (@nolanentreeo) August 11, 2020
Беше нападната и запалена и полициска станица. Полицијата употреби солзавец и палки за да ја истера толпата надвор од областа. Хаосот резултира со тројца убиени и десетици повредени.
Karnataka: GN Shivamurthy, Deputy Commissioner, Bengaluru Urban visits DJ Halli Police Station that was vandalised last night, as violence broke out over an alleged inciting social media post. pic.twitter.com/Lmf8eYAX0e
— ANI (@ANI) August 12, 2020
Полицијата во Бенгалуру соопшти дека уапсила 110 лица во врска со немирите и ја повика јавноста да соработува со полицијата и да го одржи мирот во градот. Притворено е и лицето одговорно за објавата на “Фејсбук“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маск подготвен да биде домаќин на изборната дебата на претседателските кандидати во САД
Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск денеска објави подготвеност да биде домаќин на изборната дебата на кандидатите за претседател на САД, која се очекува да се одржи меѓу сегашниот и поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и Доналд Трамп, со учество на независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор.
„Се разбира“, напиша Маск на својот профил на социјалната мрежа X, одговарајќи на прашањето на Кенеди дали тој ќе биде домаќин на дебатата.
Маск рече и дека смета оти во предизборните дебати треба да учествува независниот претседателски кандидат на изборите во САД, Роберт Кенеди Џуниор.
Свет
Руски беспилотни летала гаѓаа украинска енергетска инфраструктура, делови од земјата без електрична енергија
Руски беспилотни летала погодија електрани рано утринава, прекинувајќи ја струјата во некои делови од областа Суми во северна Украина, соопштија властите.
Во објава на комуникациската платформа Телеграм, регионалните власти соопштија дека беспилотните летала ги погодиле градовите Шостка и Конотоп, североисточно од Киев и во близина на границата со Русија. Воздухопловните сили на Украина соборија седум беспилотни летала користени во нападот, соопштија регионалните власти.
Украинската војска соопшти дека соборила 24 беспилотни летала лансирани од Русија во напад во текот на ноќта врз пет други региони на југот и на истокот на земјата.
Службите за итни случаи работат на враќање на струјата во три окрузи.
Пред нешто повеќе од една недела, руските сили ја преминаа границата и почнаа да навлегуваат во североисточниот регион Харков, а властите предупредија на трупање војници и можен напад врз соседниот регион Суми.
Европа
Норвешка ја призна палестинската држава
Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека скандинавската земја донела одлука официјално да ја признае Палестина како држава.
Одлуката стапува на сила на 28 мај, објави АП.
„Не може да има мир на Блискиот Исток доколку не дојде до признавање“, рече норвешкиот премиер, додавајќи дека „Палестина има основно право на независна држава“.
Неколку земји од Европската унија во последните недели дадоа индикации дека планираат да ја признаат Палестина, бидејќи сметаат дека решението со две држави е клучно за траен мир во тој регион.
Норвешка, која не е членка на Европската унија, но најмногу ги следи одлуките на Брисел, долго време го поддржува решението со две држави, Израел и Палестина.