Европа
(Видео) „Штотуку слушнав – тато спаси ме“: таткото на момчето што го изеде ајкула, очаен

Младиот Русин, Владимир Попов, кој имал 23 години пред неколку месеци се преселил со својот татко во египетското летувалиште Хургада, веројатно за да избегне да биде регрутиран во војната во Украина. Во тоа време веројатно не насетувал каква страшна судбина ќе го снајде. Тој загина во четвртокот во напад на тигреста ајкула, а на овој трагичен настан присуствувал и неговиот татко, пишува „Слободна Далмација“.
Real life JAWS.
A man swimming in Egypt is attacked, killed and eaten by a tiger shark. pic.twitter.com/oykr7dTVE9
— Dr. PMS (@ps1ack) June 8, 2023
„Отидовме на плажа да се опуштиме. Син ми го нападна ајкула. Се се случи за неколку секунди“, изјави Јуриј Попов, таткото на жртвата.
Прво медиумите изјавија дека девојката на Владимир успеала да побегне од морето откако ѕверот го нападнал Владимир, но неговиот татко вели дека тоа не е вистина. Според него, таму каде што бил Владимир, немало кој да му помогне.
„Како може некој да му помогне? Таа мелница за месо нападна за 20 секунди. Син ми го повлече под вода“, рекол несреќниот татко.
Тој додава дека немилиот настан во кој загина неговиот син бил „зла судбина“ бидејќи, како што наведува, плажата на која се наоѓале се сметала за безбедна.
Досега напади се случија само на диви плажи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски и Навални меѓу кандидатите за Нобеловата награда за мир

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот активист Алексеј Навални се во трка за годинешната Нобелова награда за мир иако нивните шанси се неизвесни поради тековната војна во Украина.
Одлуката е на Норвешкиот нобелов комитет, составен од пет члена избрани од норвешкиот парламент.
Европа
Институтот за проучување на војната: Руските воени блогери признаваат дека го самоцензурираат нивното известување

Неколку руски воени блогери признаа дека го самоцензурираат поголемиот дел од нивните извештаи повторувајќи го поширокиот тренд во тоа како Москва дискутира за одредени области на битката, објави Институтот за проучување на војната.
NEW: Ukrainian forces continued offensive operations near #Bakhmut and in western #Zaporizhia Oblast on September 28.
Russian forces have reduced the tempo of their localized offensive operations on the Kupyansk-Svatove-Kreminna line in recent days.
Latest #Ukraine campaign… pic.twitter.com/1DNpDxYi94
— ISW (@TheStudyofWar) September 29, 2023
Тие блогери, кои често ги критикуваат руските воени акции, велат дека се соочуваат со постојани проблеми, како што се проблеми во комуникацијата и доцнење на плаќањата, кои нивните команданти имаат тенденција да ги игнорираат, според Институтот.
Еден блогер ја смени објавата за да изгледа дека Украина не постигнала толку голем напредок сугерирајќи дека Русија можеби ги контролира информациите што се споделуваат. Друг блогер рече дека е важно одредени информации да се чуваат во тајност и да се знае кога да се молчи, се наведува во извештајот.
Европа
Најстарите европски чевли пронајдени во пештера во Шпанија

Научниците велат дека ги идентификувале најстарите чевли во Европа, сандали ткаени од трева, а се смета дека се стари околу 6.000 години. Тие беа меѓу мноштвото антички предмети откриени во една пештера во Шпанија, кои беа украдени од рудари во 19 век, но беа анализирани во нова студија.
Ниската влажност и студените ветрови во пештерата ги направија невообичаено добро сочувани. Истражувачите исто така анализирале корпи и комплети алатки. Коавторката на студијата, Марија Хереро Отал, изјави дека предметите се „најстариот и најдобро зачуван збир на материјали од растителни влакна во јужна Европа досега познат“.
„Документираната технолошка разновидност и третман на суровините ја истакнуваат вештината на праисториските заедници“, додаде таа. Новите техники за датирање покажаа дека колекцијата од 76 предмети пронајдени во пештерата е околу 2.000 години постара отколку што се мислеше, пишува Би-би-си.
Некои предмети во комплетот датираат пред 9000 години. Анализираните сандали во својата структура имаат разни видови трева, истакнуваат истражувачите, но вклучени се и други материјали, како кожа и вар. Тие потекнуваат од неолитскиот период, што ги прави постари од кожените чевли стари 5.500 години, откриени во една пештера во Ерменија во 2008 година.
Пештерата во која се пронајдени сандалите стари 6.000 години се вика Cueva de los Murciélagos или Пештера на лилјаците, а се наоѓа во Андалузија, на југозападот од Шпанија. Според истражувачите на оваа студија, до пештерата првпат пристапил земјопоседник кој собирал измет од лилјаци, корисни за правење ѓубриво, во 1831 година.
Помалку од две децении подоцна ја користеле рударите, кои откриле галерија со делумно мумифицирани трупови, корпи, дрвени алатки и, меѓу другото, заби од диви свињи и уникатна златна дијадема.