Европа
Во Австрија петцифрен број заразени од коронавирус

Во Австрија бројот на новозаразени од коронавирус изминативе денови се зголемува и повторно достигна петцифрена бројка.
Во последните 24 часа регистрирани се нови 10.898 позитивни ковид-случаи, а тој број последен пат беше евидентиран во април годинава.
Во изминатото деноноќие како последица од вирусот починале шест луѓе.
Тамошниот министер за здравје рече дека овој број е очекуван. Тој не најави нови мерки, рече дека смета на самоодговорноста на граѓаните.
Во Виена моментно има 3.569 новозаразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Бајден за нападот на парадата: Џил и јас сме шокирани

Американскиот претседател Џо Бајден реагираше на нападот во близина на Чикаго.
„Џил (сопругата на Бајден) и јас сме шокирани од бесмисленото вооружено насилство што уште еднаш донесе тага во американската заедница на овој Ден на независноста“, рече Бајден во изјавата откако најмалку шест лица беа убиени во пукотниците во Хајленд Парк во Илиноис, за време на парадата на 4 јули.
Бајден истакна дека веднаш ја упатил полицијата итно да помогне во потрагата по убиецот.
Тој потсети дека неодамна го потпишал законот за безбедност на оружјето. „Но, има уште многу работа да се направи и нема да се откажам од борбата против епидемијата на оружено насилство“, додаде Бајден.
Европа
Најмалку шестмина загинати, а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

Патнички автобус рано утринава се превртел и слетал во бездна на излезот од Киркларели.
Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени јавуваат, локалните медиуми.
На местото на несреќата пристигнале бројни екипи на брзата помош и полицијата.
Гувернерот на таа турската провинција, Бирол Екичи, изјавил дека се работи за автобус кој сообраќал од Едрене за Бодрум кој паднал во бездна во областа Лулебургаз.
Гувернерот изјавил дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, а 25 повредени се пренесени во болници.
Европа
(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници

Во неделата борбени авиони „ФА-18“ на шпанските воздухопловни сили пресретнаа патнички авион „изиџет“, кој летал кон шпанскиот град Махон.
Патничкиот авион полетал од Англија.
На видеото се гледа блиска средба на еден од борбените авиони и патничкиот „ербас“.
An easyJet flight En-route to Mahon today was intercepted by fighter jets, thankfully it was a false alarm ?
— Flight Emergency (@FlightEmergency) July 3, 2022
Се известува и дека патничкиот авион морал принудно да слета, а потоа бил уапсен тинејџер. Исто така, специјалната полиција извршила безбедносна проверка на авионот со помош на куче трагач.
Авионот, како што се наведува, по слетувањето, веднаш бил отстранет од главниот терминал.