Свет
Во Австрија 90 ученици заразени од коронавирус од почетокот на училишната година
Една недела од почетокот на школската година во источна Австрија – Виена, Долна Австрија и Бургенланд, од вкупно 456.000 ученици, 90 се позитивни на коронавирусот.
Во случај на позитивно тестирање на еден ученик, цело одделение се испраќа во карантин, а потоа дома се тестираат и другите ученици, но мораат 10 дена да останат во карантин и во случај на негативен тест.
Само во Виена од почетокот на училишната година регистрирани се 70 заболени од коронавирус, а меѓу нив 55 се ученици, шест наставници и девет административни работници во училиштата.
Во Долна Австрија, во изминатите седум дена, во 32 од 1.158 училишта и 1.058 градинки беа преземени мерки за коронавирусот од страна на надлежните органи врз основа на позитивно тестирани ученици или вработени, рече покраинскиот секретар за образование, Кристијана Тешл-Хофмајстер.
Според нејзините податоци, досега се позитивно тестирани 31 ученик, две деца во градинки и 10 педагози.
Во провинцијата Бургенланд досега се евидентирани само два случаја на корона-болест во образовните институции, а станува збор за еден воспитувач во една градинка и за еден ученик.
Според австриското Министерство за образование, учениците се заразиле во приватно опкружување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

