Контакт

Европа

Во Австрија 94 новозаразени

Објавено пред

Во последните 24 часа забележани се 94 новозаразени со коронавирус во Австрија.

Како речиси секој ден во последните десет дена, најголем број новозаболени се регистрирани во провинцијата Горна Австрија – 45, а потоа следува Виена со 34 нови случаи.

Во последните 24 часа, само во една од деветте покраини, Штаерска, немало новозаразени.

Според Министерството за здравство, во моментот има 1.100 активни пациенти во Австрија.

Бројот на хоспитализирани се зголеми за двајца, на 80, од ​​кои девет се на интензивна нега, што е три помалку од вчера.

Бројот на починати со денови е непроменет и изнесува 706.

Од почетокот на епидемијата на крајот на февруари 18.637 луѓе биле позитивни на врисусот, од кои 16.808 оздравеле.

Европа

Британските туристи брзаат да ја напуштат Франција поради воведувањето карантин

Објавено пред

Британците брзаат кон својата татковина од одморот во Франција кога владата во Лондон објави дека набргу ќе воведе 14-дневен карантин за патниците од таа земја.

Британската влада објави дека ќе воведе задолжителен карантин за повратниците од Франција в сабота од 3 часот по полноќ давајќи им нешто повеќе од 24 часа на речиси 160.000 британски туристи да се вратат дома.

Ненадејното воведено правило им зададе нов удар на туристите, авиокомпаниите и тур-операторите уште повеќе што Париз најави дека ќе воведе реципрочна мерка.

Голем број Британци се упатија кон француското пристаниште Кале надевајќи се дека навреме ќе фатат ферибот или воз за дома.

„Ги сменивме плановите кога ја слушнавме веста минатата вечер. Решивме да се вратиме дома еден ден порано за да избегнеме карантин“, рече една Британка во Кале.

Новите правила се однесуваат за Франција, која е втора најпопуларна дестинација за Британците, но и за Холандија и Малта, објави министерот за транспорт, Грант Шапс.

Прикажи повеќе...

Европа

Во делови од Шпанија воведена е забрана за пушење на отворено поради коронавирусот

Објавено пред

Две автономни управи во Шпанија воведоа забрана за пушење на отворен јавен простор како мерка против порастот на нови случаи на зараза од коронавирус.

Забраната за пушење на јавни места најпрвин ја воведе провинцијата Галиција, а кон неа се придружија Канарските Острови.

Одлуката е донесена кога здравствените работници предупредија дека оние што пушат не се придржуваат кон правилата за носење маска на јавни места на отворено и може да бидат причинители за ширењето на вирусот.

Во одлуката е наведено дека пушењето е забрането не само на јавни места, како што се улици и паркови, туку и на терасите на рестораните и кафулињата.

Властите уште еднаш потенцираа дека е неопходно граѓаните да ја користат маската веднаш штом ќе ја напуштат куќата, да одржат физичко растојание и да обрнат внимание на хигиената, а со тоа да спречат ширење на вирусот.

Освен во Галиција и на Канарските Острови и во другите провинции во Шпанија, се разгледува можноста за воведување забрана за пушење.

Во Шпанија во последните 24 часа се пријавени 2.935 нови случаи на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Европа

Париз и Марсеј прогласени за ризични зони поради коронавирусот

Објавено пред

Шефот на француската државна здравствена служба изјави дека Париз и Марсеј се прогласени за ризични зони поради коронавирусот кога властите објавија дека има нагло зголемување на бројот на заразени лица.

Жером Саломон, зборувајќи на радиото „Франс интер“, предупреди дека ситуацијата во земјата се влошува од недела на недела. Тој вели дека кластерите на вируси се појавуваат секој ден по семејни собири, големи забави и други собири поради летните одмори.

Владин декрет издаден во петокот им дозволува на властите да воведат построги мерки на подрачјето на Париз и Марсеј, објави АП.

Соломон вели дека има „сè повеќе и повеќе луѓе што се позитивни. Сè повеќе луѓе доаѓаат во болниците… треба да реагираме пред да се зголеми бројот на починати“.

Националната здравствена служба во четвртокот објави 2.669 новозаболени, со што стапката на заболени во Франција на 100.000 лица е над 30.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија21 минута

Костовски за „Еуростандард банка“: Погрешивме со изборот на Управниот одбор, тие нè наместија

Бизнисменот Трифун Костовски, сопственик на „Еуростандард банка“ го обвинува Управниот одбор за пропаѓањето на банката. Тој на денешната прес-конференција, заедно...

Македонија1 час

Регистрирани 160 нови случаи на коронавирус, оздравени се 368 пациенти, а починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 2.172 тестирања, а регистрирани се 160 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија2 часа

Според ДУИ албанската опозиција ги поткопува позициите оти не се појавиле на средбата со Ахмети

ДУИ ја обвини опозицијата дека го напуштила Сојузот на албанските парламентарни партии кој бил основан по парламентарните избори од 11...

Македонија3 часа

Aлијансата и Алтернативата: Сѐ уште не сме во преговори со Заев

Коалицијата „Алијанса за Албанците – Алтернатива“ на прес-конференција рече дека засега немале средби со СДСМ и лидерот Заев за евентуалното коалирање....

Македонија5 часа

Србија воведе задолжителен ПЦР-тест за македонските граѓани

Странците што доаѓаат во Србија од одредени земји ќе мора да имаат негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа, одлучи...

Топ5 часа

Воз удри во „ситроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „ситроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ6 часа

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата, зад убиството...

Македонија7 часа

Апасиев најавува предлог-мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левицата, Димитар Апасиев, најави дека партијата набгру ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор по случувањата со...

Македонија8 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ8 часа

Уапсен тетовец, кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата „ЕВН Македонија“, на две одвоени...

Свет8 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет9 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет11 час

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет20 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет20 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа21 час

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија23 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија23 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ1 ден

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Досие