Свет
Во Бразил сѐ повеќе луѓе на возраст под 40 години на интензивна нега поради Ковид-19
Кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19 во Бразил сѐ повеќе ги погодува младите, ова се податоци од болниците собрани во текот на минатиот месец, според кои повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 40 години.
Извештајот е објавен од Бразилското здружение за интензивна медицина и се базира на податоци од повеќе од третина од единиците за интензивна нега во земјата, кои бележат голем пораст на бројот на пациенти кај помладата популација на кои им е потребна интензивна нега, пишува „Ројтерс“.
Првпат од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот во Бразил, 52 процента од капацитетите за интензивна нега се пополнети со пациенти помлади од 40 години.
Повеќе од 82.000 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани денес во Бразил, со што вкупниот број на заразени достигна 13,5 милиони.
Други 3.808 пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирусот.
Бразил е трета земја во светот според бројот на заразени и втора според бројот на смртни случаи од последиците од инфекцијата со коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

