Контакт

Свет

Во Бразил сѐ повеќе луѓе на возраст под 40 години на интензивна нега поради Ковид-19

Објавено пред

Кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19 во Бразил сѐ повеќе ги погодува младите, ова се податоци од болниците собрани во текот на минатиот месец, според кои повеќето пациенти на интензивна нега се помлади од 40 години.

Извештајот е објавен од Бразилското здружение за интензивна медицина и се базира на податоци од повеќе од третина од единиците за интензивна нега во земјата, кои бележат голем пораст на бројот на пациенти кај помладата популација на кои им е потребна интензивна нега, пишува „Ројтерс“.

Првпат од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот во Бразил, 52 процента од капацитетите за интензивна нега се пополнети со пациенти помлади од 40 години.

Повеќе од 82.000 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани денес во Бразил, со што вкупниот број на заразени достигна 13,5 милиони.

Други 3.808 пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирусот.

Бразил е трета земја во светот според бројот на заразени и втора според бројот на смртни случаи од последиците од инфекцијата со коронавирусот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Бајден: Разговараме со Палестинците и Израелците за смирување на ситуацијата

Објавено пред

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека неговата администрација работи со Палестинците и Израелците за смирување на ситуацијата, додавајќи дека и двете нации заслужуваат да живеат безбедно.

„Веруваме дека Палестинците и Израелците заслужуваат да живеат безбедно, да имаат еднакви услови за слобода, просперитет и демократија“, рече Бајден во видеоснимката емитувана на настанот по повод муслиманскиот празник Еид ел Фитр,објави „Ројтерс“.

Бајден додаде дека Белата куќа ќе продолжи да разговара со Палестинците и Израелците и другите регионални партнери со цел да ја смири ситуацијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Тројца убиени во напад со нож на железничка станица во Русија

Објавено пред

Најмалку три лица се убиени утрово во напад со нож во близина на железничка станица во рускиот град Екатиринбург, пренесе руската агенција ТАСС.

Како што се наведува, полицијата уапсила маж кој го извршил нападот. Според информациите, нападот се случил за време на расправија околу алкохол.

Прикажи повеќе...

Регион

Започнува самитот Брдо-Бриони: Целта е што побрзо приближување на Западен Балкан кон ЕУ

Објавено пред

Балканските лидери учествуваат на самитот Брдо-Бриони.

На самитот учествуваат претседателите на процесот, претседателите на Словенија и Хрватска, и лидерите на земјите од Западен Балкан.

Состанокот, чиј домаќин ќе биде Борут Пахор, има за цел да ја потврди заложбата за проширување на ЕУ.

Беше најавено дека лидерите ќе ја одбележат десетгодишнината од започнувањето на словенечко-хрватската иницијатива и дека ќе ја реафирмираат и зајакнат својата посветеност за продолжување на процесот на проширување на ЕУ, но исто така ќе разменат мислења за актуелните прашања на неформална атмосфера .

Во пресрет на самитот, Пахор се состана одделно со учесниците на самитот.

„Има одредено доцнење во заложбата за проширување на Европската Унија, како на страната на ЕУ, така и на Западен Балкан. Мојата задача е да пронајдеме свежи идеи заедно“, рече Пахор пред самитот.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно изјави дека вовел амандман на предложените заклучоци од Самитот „Брдо-Бриони“ – дека Србија е против промена на границите, во согласност со Повелбата на ООН и одлуките на органите на ООН.

Самитот Брдо-Бриони првично беше планиран за минатата година, да се совпадне со 10-годишнината од иницијативата, но беше одложуван двапати поради пандемијата од коронавирусот .

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 час

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет1 час

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет2 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет2 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија18 часа

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет18 часа

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија19 часа

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет23 часа

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет23 часа

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Свет1 ден

Гутереш запрепастен од страдањата на цивилите во Газа

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш е „шокиран“ од страдањето на цивилите во Газа, рече неговиот портпарол. „Генералниот секретар е...

Свет1 ден

(Видео) Немирна ноќ во Газа, истрелани околу 120 ракети, бројот на загинати и повредени расте

Израелската армија објави дека 120 проектили биле истрелани од Појасот Газа во текот на ноќта. Продолжена е вонредната состојба во...

Свет2 дена

Нетанјаху до Бајден: Израел не сака да повредува лица кои не се вклучени во борбата со Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска му соопшти на американскиот претседател Џо Бајден дека Израел „прави се за да избегне повреда...

Македонија2 дена

13 починати и 112 нови случаи на Ковид-19 од 4.196 тестови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Свет2 дена

(Видео) Израел во Газа уништи зграда во која се канцелариите на „Ал-Џезира“ и светски агенции

Израел во воздушен напад уништи зграда во која се сместени канцелариите на катарската телевизија „Ал-Џезира“, како и на светските новински...

Македонија2 дена

Заев: Законот за дивоградбите ќе се врати во Собрание, мора да ги спасиме домовите на сиромашните

Премиерот Заев вели дека не се откажува од носењето на Законот за легализација на дивоградбите. Откако претседателот Стево Пендаровски не...

Македонија2 дена

Родителите против дигитализација: Преку референдум ќе ги спасиме нашите деца

Oдборот на граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска одржа протест пред Министерството за образование, противејќи се на...

Македонија2 дена

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко...

Македонија2 дена

МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел

Министерството за надворешни работи, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат...

Досие