Европа
Во делови на Европа се ублажуваат мерките, во Азија расте бројот на заразени
Во Европа почна долготрајниот процес на укинување на рестрикциите наметнати поради коронавирусотот, но истовремено се појавија нови случаи на заразени во Вухан по повеќе недели без новозаразени, што укажува на опасност од втор бран на епидемијата.
Владите во светот се обидуваат да ја закрепнат економијата, а истовремено да ја држат под контрола пандемијата, која досега усмрти над 280 илјади луѓе.
Додека Велика Британија го претстави планот за укинување на строгите мерки, а Франција и Шпанија ублажија дел од мерките, кинескиот град Вухан, во кој исчезна пандемијата, бележи втор ден по ред нови случаи на заразени по еден месец без потврден случај.
Јужна Кореја регистрира најголем број новозаразени во повеќе од еден месец, а најголема причина за тоа е ширењето на заразата во ноќните клубови на Сеул. Поради тоа, властите вчера ги затворија кафулињата и ноќните клубови во Сеул.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, порача дека е прерано за укинување на карантинот, но претстави условен план за ублажување на мерките во наредните месеци. Тој рече дека рестрикциите предизвикале огромна цена врз животите на луѓето, но дека би била лудост да се уништи напредокот во борбата против коронавирусот со прерано попуштање.
Во Велика Британија од коронавирус починаа над 31.800 луѓе. Само САД забележаа поголем број смртни случаи. Но, во другите делови на Европа се намалува бројот на нови смртни случаи.
Во Франција вчера починаа 70 луѓе, што е намалување на бројот од почетокот на април, а во Шпанија дневно починале помалку од 200 луѓе.
Французите од денеска смеат да ги напуштат своите домови, без барање посебна дозвола, се отворија некои основни училишта, како и дел од продавниците.
Во Шпанија, пак, од денеска отворени се терасите на кафулињата и рестораните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

